Мицкоски: Започна изградбата на катна гаража, а се реализираат и други проекти за охриѓани

May 1, 2026
2 mins read

Охрид, 1 мај  – Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик-премиерот и министер за транспорт, Александар Николовски и градоначалникот, Кирил Пецаков, денеска извршија увид во градежните активности што се спроведуваат низ Охрид, а присустуваа и на почетокот на изградбата на катна гаража во центарот на градот.

Премиерот во оваа прилика истакна дека дел од приоритетите што ги имала Општина Охрид, како и дел од проектите коишто ги предложија и пратениците, се реализирани, дел се во фаза на реализација или ќе отпочнат да се реализираат.

– Многу е важно кога патувате накај Охрид и кога ќе можете да го видите прогресот на автопатот којшто е пуштен во сообраќај и којшто очекуваме согласно претходните најави да бидат целосно пуштен од Кичево до Охрид, еве најдоцна да речеме првиот квартал од 2027 година. Знаете со какви предизвици се соочувавме. Беше откажан кредитот од страна на кинеската „Ексим“ банка, па со домашните комерцијални банки направивме синдикат и проектот ќе биде реализиран целосно до крај, рече тој.

Како следен проект на кој ќе се посветени внимание тој го најави заокружувањето на проектот „Плаошник“, почнат одамна, а се уште недовршен.

– Оваа година имајќи предвид можностите на буџетот одвоивме скромна сума на средства, но важно е да се до подготви проектната документација и следната година многу посилно да се излезе на терен и мислам дека со проектите коишто сега се реализираат и оние проекти за коишто претходно зборуваа и градоначалникот и потпретседателот на Влада ќе дојдеме до една би рекол физиономија којашто ја заслужува Охрид и охридското крајбрежје, рече премиерот, истакнувајќи дека се останува на претходно предвидените рокови и датуми за завршување на постоечките и додефинирање на другите проекти и приоритети коишто во периодот што следи ќе бидат реализирани.

Вицепремиерот Николовски изрази задоволство што стартува изградбата на катната гаража, проект за чиј старт биле неопходно бројни законски измени…

– Само што беше избрана оваа Влада, ја олеснивме постапката за изградба на училишта, болници, градинки, амбулатни и катни гаражи и веќе го имаме првиот едект. Предизвикувачки за овој проект беше  што требаше да се вклопат три заштити – едната на УНЕСКО, втората за заштита на културното наследство и третата архитектонската заштита. Со поддршка на Општината, на Завод и Музеј – Охрид и на Министерсството за култура, Министерството за транспорт и врска можеже да ја издаде дозволата… Убеден сум дека веќе следната летна сеозна тука ќе се мпаркират и туристите и жителите на Охрид, рече Николовски посочуваји дека со изграбдата на гаражата ќе се придонесе за дополнително заживување на Чаршијата што значи економски бенефит за градот.

Градоначалникот Пецаков од своја страна истакна дека за изготвување на документацијата за проектот за катната гаража биле потребни неколку години, како и решителност, како во оштинската администрација така и на централната власт за негова реализација.

– Ова е голем ден за нашата општина. Охрид во моментов е градилиште, се спроведуваат и реализираат проекти, што во комбинираното финансирање од општинскиот буџет и со поддршка од Владата, изнесува некаде 15 милиони евра, што е историски најголемо. Позитивното работење на Општина Охрид во финансискиот дел, ни дозволува да реализираме и крупни проекти, рече Пецаков, истакнувајќи дека реализирацијата инфраструктурни проекти во градот и околината ќе продолжат и натаму со несмален интензитет.

Домаќинот Пецаков заедно со премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николовски извршија увид и во градежните кативности за реконструкција на дел од Старата чаршија и плоштадот кај Чинарот, како и на пумпната станица за вода „Метропол“ каде се поставуваат нови филтри.

Кога станува збор за катната гаража, таа се гради на локација кај поранешниот паркинг зад Градскиот пазар, а проектот предидува објект на пет ката со околу 200 паркинг-места.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Карик: Мечот против Ливерпул е еден од моите омилени

Следно

Насилни протести поради смрт на девојче во Австралија (ВИДЕО)

Latest from Blog

Божиновска: Македонија ќе биде дел од клучната европска гасна мрежа

Нов стратешки исчекор во зајакнувањето на енергетска безбедност и регионална поврзаност. Македонија обезбеди покана за приклучување кон Вертикалниот гасен коридор – една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен

Раст на Македонската берза – најмногу се тргуваше со акциите на ВФП Пензиско друштво

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.07.2026 заврши со пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.207,94 поени. Во однос

Меџити: Со инвестиција од 6,2 милиони евра ќе се регулира коритото на Сува Река во Сарај

Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, информираше дека започнале градежните работи за регулирање на коритото на Сува Река во општина Сарај, проект вреден 6,2 милиони евра. Според Меџити, станува збор за еден од

Историски пад на старите предмети во Кривичен суд Скопје: Решени 463 случаи за една година

Основниот кривичен суд Скопје бележи значајни резултати во намалувањето на старите предмети, унапредувањето на ефикасноста и јакнењето на транспарентноста, покажуваат податоците презентирани во второто издание на електронскиот весник на Судот. Најзначајниот показател
Go toTop