Карик: Мечот против Ливерпул е еден од моите омилени

May 1, 2026
1 min read

Мнигу одамна, тимот на Манчестер Јунајтед пред еден дуел против вечниот ривал, екипата на Ливерпул не бил во подобра ситуација на табелата. Реално, Ливерпул доминираше изминатите неколку сезони, беше во далеку подобра форма, бележеше многу подобри резултати.

Сега, в недела, на Олд Трафорд, доаѓа токму Луверпул во уште еден историски дуел на овие два меча, кој што пак почнува од 16:30 часот.

Менаџерот на Јунајтед, Мајкл Карик, го најави овој дуел со оптимизам и порака дека ова е еден од омилените нетови ривали.

„Ова дефинитивно е еден од моите омилени натпревари. Исклучителен натпревар. Има и други одлични натпревари и ривалитети, но овој е над сите други. Историјата, подеми и падови, возбудата, забавата, емоциите, сите овие работи го прават овој натпревар посебен. Чувството и емоциите на навивачите кон овој натпревар никогаш не се промениле, без оглед на позицијата на табелата и кој бил на врвот во одредени моменти. Да учествуваш во овој натпревар и да победиш е најдоброто чувство што можеш да го доживееш.“ – вели Карик.

Фактот дека сме пред нив покажува подобрување на тимот, дека стануваме посилни. Влегуваме во овој натпревар во добра позиција. Целосно сме свесни за ситуацијата во лигата дека сме многу блиску еден до друг, но не сме фокусирани на тоа. Ова е посебен натпревар. Тие имаат добри играчи и ја освоија лигата минатата година, па затоа го почитуваме сето тоа. Во недела е нешто сосема друго. Вистинска привилегија е за сите нас да бидеме вклучени во тоа. Ова се два неверојатни фудбалски клуба. Да бидеме толку блиску еден до друг на толку многу начини во однос на титулите иместоположбата, да имаме такво влијание во такво време е нешто толку посебно“, рече Карик.

 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: Доколку имаше, Иран досега ќе употребеше нуклеарно оружје

Следно

Мицкоски: Започна изградбата на катна гаража, а се реализираат и други проекти за охриѓани

Latest from Blog

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop