Мицкоски од Вашингтон: Не сакаме преговорите со ЕУ да се претворат во бескрајна приказна, прво завршени преговори па уставни измени

February 22, 2025
2 mins read

„Ние како нација направивме се што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори заради нашата европска перспектива и заради членството во НАТО- изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното обраќање на настанот на Атлантскиот совет во Вашингтон посветен на иднината на транс-атлантските релации на Западен Балкан.

Фрустрациите помеѓу граѓаните на мојата земја се екстремно големи. Сведочам дека во време кога бевме во опозиција во 2018 многу луѓе од целиот свет, високи функционери од ЕУ, премиери од многу моќни НАТО земји, претседатели, членови на Европската комисија, не посетуваа и велеа само сменете го името овој пат веднаш ќе станете членови на НАТО, ќе почнете преговори со ЕУ и ќе ги завршите во период од 4-5 години и ќе станете дел од ЕУ. Тие 4-5 години поминаа пред 2 години и ние сме во иста ситуација како пред 20 години, но во меѓувреме го променивме знамето, валутата, името и се.

Премиерот истакна дека сега пред нас е ново барање за промена на Уставот и тоа не гарантира извесност не евроинтегративниот пат.

Кажете ми втор случај во Европа кој е барем од далеку сличен со нашиот, не зборувам за приближно сличен. Овој пат рековме, ако Pacta sunt servanda се применува за нас тогаш нека се применува за сите, ако ние испорачуваме тогаш очекуваме и другите да испорачаат“, рече Мицкоски и дополни: „затоа сега патувам нив светот сега да ја раширам приказната за македонската судбина, која е типичен пример за двојни стандарди.“

„Ние сега треба да ги внесеме неколку стотина наши сограѓани во уставната преамбула, што е опис на нашиот Устав. Зборуваме за бугарската заедница. Во нашиот устав ние имаме Македонци, Албанци, Срби, Турци, Бошњаци, Власи итн., па ако ги анализирате работите од таа перспектива тоа не е голема работа. Но зошто да ги внесеме во преамбулата? Можеби зборуваме за човековите права, можеби некој им ги крши човековите права на бугарската заедница? Кои сме ние политичарите да судиме дали нечии човечки права се нарушени? Има институција во Европа наречена Судот за човековите права во Стразбур која е одговорна да суди дали нечии човекови права се прекршени или не. И што вели таа институција во последните години? Тие беа јасни, 14 пати човековите права на македонската заедница во Бугарија биле прекршени, и 0 пати на бугарската заедница во Македонија. Четиринаесет наспроти нула. Како да им го појасниме ова на граѓаните, зошто го правиме ова, а не добиваме ништо. Затоа велиме бидејќи ова не е суштинско, бидејќи преговорите значат зајакнување на институции, подобрување на капацитетите на институциите, а не решавање на билатерални прашања. Ние рековме ќе го завршиме ова но кога ќе ги завршиме нашите преговори, затоа што се плашиме дека ова може да се претвори во бескрајна приказна и ќе следат нови и нови барања и никој не знае кога тоа ќе заврши“, истакна премиерот Мицкоски на настанот во Вашингтон во организација на Атлантскиот Совет.

Премиерот Мицкоски посочи дека кога се зборува за европската иднина треба да се зборува за заеднички вредности, за вештачката интелигенција, за добрата животна средина, за економијата, за подобро образование, а не за нешто кое се случувало во средниот век. Балканизацијата на Европската унија според него е проблем, затоа што ако се злоупотребуваат институциите во Брисел за решавање на билатерални прашања, тоа е различно од идејата на Де Гаспер, Шуман и Аденауер, основачите на европската заедница.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Во Истанбул продолжуваат врнежите од снег со повремени прекини

Следно

Игор Стефановски – Иџе во европскиот крем на возачи во Љубљана

Latest from Blog

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото

Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија

Торба, во која имало експлозивна направа со далечински управувач била оставена во близина на влезот на хотелот, до градската гимназија, предизвикувајќи паника кај граѓаните и туристите во областа. По дојавата, полицијата веднаш

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Колумбија денес беше погодена од земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13 километри, додека на површината бил најблиску

Ангелов: Ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека околу 2:30 часот по полноќ добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму. -Се гледаа одредени пламени јазици, но
Go toTop