Мицкоски: Нема повеќе отстапки за идентитетот, без разлика на цената – Пленковиќ: Потребен е политички дијалог, блокадите не се благородни

May 26, 2026
1 min read

Нема повеќе простор за идентитетски отстапки или чекори назад кога станува збор за националните определби, без разлика на цената на евроинтегративниот пат, вели премиерот Христијан Мицкоски. Според него, фокусот на Владата останува на внатрешните реформи и интеграцијата во ЕУ, при што оценува дека одамна заслужуваме да бидеме дел од тоа семејство, но поради, како што вели, булингот од една земја-членка, процесот се одолговлекува.

„Нема повеќе можност за компромиси поврзани со идентитетот, нема повеќе чекор назад кога станува збор за националните определби, без разлика колкава е цената што треба да ја платиме. Ако тоа е цената што треба да ја платиме, иако сме вистинските фаворити, тогаш оваа Влада е подготвена да ја плати таа цена и ќе чекаме подобри времиња. Ако билатералните прашања се тие што судат за нашиот европски пат, тогаш ние ќе се бориме на поинаков начин.“, вели Христијан Мицкоски.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се изрази со поддржувачки и дипломатски тон кон евроинтегративниот пат на Македонија. Тој го стави акцентот на фактот дека уставните измени се внатрешно политичко прашање со долгорочни последици, алудирајќи дека решението треба да дојде преку политички компромис во земјата, а не само како надворешен услов.

„Очекувањата за промена на Уставот се многу важни, со долгорочни последици, сериозни чекори кои пред сè треба да бидат регулирани и решени од политичките актери. Во однос на нашиот став, во последните 25 години неправдата кон Македонија нема оправдување на евроинтегративниот пат. Го цениме ентузијазмот за членство во ЕУ и покрај сите напори и блокади кои не се благородни.“, вели Андреј Пленковиќ.

Премиерот Мицкоски истакна дека Македонија и Хрватска заедно го добиле кандидатскиот статус и првиот позитивен извештај за почеток на преговорите во 2009 година. Сепак, според него, патот на Македонија бил оттурнат, бидејќи интегративниот процес се претворил во билатерализација. Тој додаде дека билатералните прашања добиле поголемо значење од Копенхашките критериуми, што создало фрустрација кај граѓаните, бидејќи земјата верува дека одамна го заслужила своето место во ЕУ.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Македонија и Хрватска влегуваат во нова фаза на стратешка соработка

Следно

Израелската армија тргна во акција

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал

Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матичната комисија во Собранието

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија, за европски прашања и Буџетскиот совет на Собранието. На

Николоски: Градиме инфраструктура што ќе ја направи Македонија транспортна раскрсница на Балканот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека стратешката визија на Владата Македонија да стане клучна сообраќајна раскрсница на Балканот постепено се реализира преку изградба на нови патни правци и зајакнување
Go toTop