Николоски: Македонија и Хрватска влегуваат во нова фаза на стратешка соработка

May 26, 2026
1 min read

По потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу Македонија и Хрватска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека двете земји влегуваат во нова фаза на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување, со посебен акцент на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, зголемувањето на трговската размена и отворањето на нови туристички и инвестициски можности.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека односите меѓу двете држави се традиционално блиски и пријателски, потенцирајќи дека политичката соработка дополнително се зајакнува преку партнерството на ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ во рамки на Европска народна партија.

„Со Хрватска имаме доста блиска соработка, би рекол и братска соработка. ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ имаат долгогодишно партнерство, а двете партии се членки на Европската народна партија, што дополнително нѐ зближува“, изјави Николоски.

Тој посочи дека Хрватска била една од првите земји кои излегле во пресрет за решавање на проблемот со визите за македонските транспортери, преку законско решение кое им овозможува полесен пристап до европскиот пазар.

“Хрватска, како и Швајцарија беше помеѓу првите земји кои излегоа во пресрет, и донесоа закон со кој што македонските транспортери ќе добиваат визи и на тој начин се решава проблемот. Имајќи предвид дека Хрватска е дел од Шенген зоната, така што хрватските визи важат за сите земји членки на Европската Унија. Во однос на конкретна економска соработка, тука имаме бројна стопанска делегација, најсилните компании од двете држави се тука. Во моментов имаме трговска размена од некаде 300 милиони долари, Македонија има мал суфицит тука, се надеваме да порасне, да оди барем на 400 милиони долари и навистина има простор на двете страни да се развиваме, и тоа е она што треба да го направиме”, порача вицепремиерот Николоски.

Посебен акцент на средбата бил ставен на инфраструктурното и транспортното поврзување, особено на проектите поврзани со Коридор 10. Според Николоски, и Хрватска и Северна Македонија започнуваат крупни инвестициски циклуси за изградба на брзи железнички линии.

„Навистина ми е драго, дека Хрватска објави еден голем инвестициски циклус на Коридорот 10, на кој што и ние почнуваме исто така да работиме. Хрватска ќе гради брза пруга на Коридорот 10, од граница со Србија до граница со Словенија, во вредност некаде од 2,2 милијарди евра, на исти начин како што Македонија ќе гради брза пруга на Коридорот 10 од граница со Грција до граница со Србија за 2 милијарди евра, така што ми е драго дека идејата за брза пруга на Коридорот 10 живее во сите земји кои што се по овој коридор, тоа ќе даде дополнителна вредност и на нашата пруга, затоа што уште повеќе превоз и транспорт ќе има со брзи возови“, рече Николоски.

Тој ја поздрави и иницијативата за отворање директна авионска линија меѓу Охрид и Дубровник, оценувајќи дека тоа ќе придонесе за зголемување на туристичката размена меѓу двете земји.

„Се надевам дека за брзо време ќе отвориме директна авионска линија Охрид – Дубровник, што дополнително ќе донесе зголемување на туризмот и бројни Хрвати ќе дојдат на летување во Охрид и во Македонија“, изјави Николоски.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гана дефинитивно без Мохамед Кудус на Мундијалот

Следно

Мицкоски: Нема повеќе отстапки за идентитетот, без разлика на цената – Пленковиќ: Потребен е политички дијалог, блокадите не се благородни

Latest from Blog

Израелската армија тргна во акција

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел го зголемува интензитетот на воените операции во Либан со заземање стратешки позиции и зајакнување на безбедносните тампон зони по зголемувањето на нападите со беспилотни

Мицкоски: Нема повеќе отстапки за идентитетот, без разлика на цената – Пленковиќ: Потребен е политички дијалог, блокадите не се благородни

Нема повеќе простор за идентитетски отстапки или чекори назад кога станува збор за националните определби, без разлика на цената на евроинтегративниот пат, вели премиерот Христијан Мицкоски. Според него, фокусот на Владата останува

Гана дефинитивно без Мохамед Кудус на Мундијалот

Поради повреда, играчот на Тотенхем, и интернационалец на Гана, Мохамед Кудус, ќе го пропушти претстојниот Мундијал поради повреда на мускулот на ногата. Селекторот на оваа афричка репреземтација Карлош Квеирош го објави конечниот

Од 15 јуни на лентите означени со MTAG на патарините нема да може да се користи MCard

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата, почнувајќи од 15.06.2026 година, на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети
Go toTop