Мицкоски не очекува до локалните избори да има какви било интервенции во Владата

January 24, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува до локалните избори оваа година да има какви било интервенции во Владата. Како што нагласи во интервјуто за јавниот сервис, задоволен е како досега функционира Владата имајќи предвид, рече, што наследивме и со какви предизвици се соочивме.

– Секогаш може да биде подобро. Се трудам и јас со својата работа да ги инспирирам колегите во Владата и ќе продолжам во таа насока. Не очекувам дека до локалните избори би имало какви било интервенции во самата Влада, потоа не очекуваат локалните избори, потоа не очекува редовниот партиски Конгрес на ВМРО–ДПМНЕ. Можеби какви било инртервенции, освежувања во рамките на самата Влада би се случиле на почетокот на следната година, а ќе зависи од многу импути за да донесеме таква одлука. Мислам дека тогаш многу работи ќе бидат појасни и на политички план, но и какви се перформансите на членовите на Владата, изјави Мицскоски. 

Она што е сигурно, потенцира тој, е дека од 1 јануари 2026 година ќе има една голема и посеопфатна структурална промена во рамки на структурата на ВМРО–ДПМНЕ како политичка партија, бидејќи полека но сигурно потребно е дел од генерациите да се менуваат. 

– Доколку ја добијам поддршката на делегатите, според Статутот на партијата после следниот конгрес, тоа е мојот последен мандат како претседател на ВМРО–ДПМНЕ и веќе следниот што ќе се случи после овој кон крајот на годината, ВМРО–ДПМНЕ ќе има нов претседател, рече Мицскоски. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Карабатиќ: Македонија многу напредна, секој љубител на ракометот го забележува тоа!

Следно

Најголем дел од јавниот транспорт во Бангкок ќе биде бесплатен една недела поради загадувањето

Latest from Blog

Шефицата на британската дипломатија повика да прекинат „ужасните искушенија“ на Џими Лаи

Лаи, 78-годишен британски државјанин, денеска е осуден на 20 години затвор, според законот за безбедност што го воведе Кина во оваа поранешна британска колонија. Во изјава на X од Министерството за надворешни

Речиси 5.000 прекршоци преку „Сејф сити“ за една недела, изречени 288 забрани за возење

Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 02-ри до 08-ми февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно

Дводневна посета на Париз: Македонија ги зајакнува заложбите за Охрид во УНЕСКО

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски; министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за

ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем

Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се
Go toTop