Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

March 30, 2026
1 min read

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план.

Според канцеларот, во текот на „подолг рок од три години“, околу 80 проценти од Сиријците во Германија би требало да се вратат дома, нагласувајќи дека тоа била и желба на претседателот Ал Шара.

– Оние Сиријци кои сакаат да останат во Германија и кои се добро интегрирани, ќе можат да го сторат тоа – додаде Мерц.

Германија беше една од главните дестинации за сириските бегалци за време на разорната граѓанска војна, при што околу еден милион луѓе пристигнаа во земјата додека на власт беше Башар ал Асад. По неговото соборување кон крајот на 2024 година од страна на коалицијата предводена од Ал Шара, во германските конзервативни и десничарски кругови сè почести се барањата за враќање на сириските државјани во нивната татковина, посочува германската новинска агенција ДПА. 

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Следно

AUV do të kontrollojë shitjen e vezëve dhe ngjyruesve në prag të Pashkëve

Latest from Blog

Коњановски: Битола продолжува да ја поддржува светската детска ликовна колонија

Раководството на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ кое е организатор на Малиот Битолски Монмарт денеска имаше прием кај градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Тие го информираа градоначалникот за подготовките на 45-то

Општина Битола: Започна поставувањето на пешачки семафори кај „Епинал“

На преминот на Широк сокак кај плоштадот „Гоце Делчев“ започнаа активностите за поставување на пешачки семафори кои треба да го олеснат преминувањето на пешаците преку оваа сообраќајница, во периодот кога таа не
Go toTop