Мицкоски: Ќе следи реконструирање на владиниот кабинет, со спојување и раздвојување на ресори, без министри без ресор

February 16, 2024
1 min read
ериозно реконструирање на владиниот кабинет, со спојување и раздвојување на ресори, без министри без ресори, за да идниот владиниот кабинет биде оперативен и сериозно да одговори на потребите на новото време, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на отворањето на тридневната обука за пратеници и членови на ВМРО-ДПМНЕ посветена на Зајакнување на капацитетите на пратениците, Успешни стратегии и предизвици, организирана од Партискиот истражувачко- аналитички центар на ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Конрад Аденауер.
Мицкоски се заблагодари на соработката со КАС како фондација на сестринската партија ЦДУ од Германија, истакнувајќи дека таа соработка ќе продолжи и по двојната изборна победа, а пратениците коишто ќе бидат мнозинство ќе работат да не биде “како до сега”, туку многу поинаку и подобро од тоа што е сега, ужасно и со многу порази, што не треба да е природна средина во иднина во Македонија.
Во својата порака до учесниците на обуката, официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун порача дека добро е запознат со состојбите во Македонија, секојдневните скандали и корупција, а состојбата со пасошите, како што рече, од германски аспект, во изборна година, е катастрофа за власта, па очекува “добра жетва” на гласови на изборите. Затоа е важно во кампањата со уверливи аргументи пред граѓаните да се претстават програмата и идеите.
Пратеничката во Европскиот парламент од германската ЦДУ Марион Валсман, порача дека добра подготовка на изборна кампања е клучна да се добие доверба, да не се посочува само со прст. Да се водиме од максимата “Прави добро и зборувај за тоа”, им порача Валсман на пратениците и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Во рамки на одличната континуирана соработка, КАС и ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ организираат настан наменет за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, со цел напредна обука за подобрување на вештините за комуникација со јавноста, отвореност и транспарентност.

Тридневниот настан ќе се осврне на теми како што се градење визија и лидерство и транзиција кон новата пратеничка група по изборите, собраниски процедури и избори, улогата на пратениците во комуникацијата и соработката во рамки на изборните единици, креирање и споделување клучни комуникациски пораки, успешен пристап за јавен настап во интервју и јавна дебата, како и развој на стратегии и пристап кон дигитални медиуми.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германската армија ќе го брани поморскиот премин во Црвеното Море

Следно

Тошковски во посета на Центарот за обука на МВР

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop