Денес над 1000 жители од три населени места добиваат квалитетна вода за пиење, информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Со изградбата на новиот цевковод Гевгелија- Богородица во должина од 2700 метри кои денес беше пуштен во употреба се решава еден горчлив проблем на жителите од Богородица и околните места. Со овој нов цевковод и санација на дел од постоечката линија се решава и проблемот со капацитетот на вода за овие жители. Важно е општина Гевгелија да се развива. Важно е граѓаните да имаат квалитетни услуги“, порача тој.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.