Герасимовски: Од утре стартуваме со голема акција за чистење на Центар

January 28, 2025
1 min read

Градоначалникот Горан Герасимовски пладнево одржа координативен состанок со вработените од јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар – ПОЦ, со цел мобилизирање преку акција за чистење на општината, откако вчера, Градот Скопје повторно потфрли и го остави централното градско подрачје во смет, информираат од Општината. 

На состанокот се дискутирало за акцијата која треба да започне утре со чистење на критичните места на територија на Општина Центар. 

„Хигиената на Центар мора да ја сочуваме, не смееме да дозволиме поради негрижата од страна на градот Скопје централното градско подрачје да биде во смет. Имаме голем број на поплаки од граѓаните, да не си играме институционален пинг-понг. Доколку градот нема капацитет да ги исчисти улиците во Центар за која е надлежна, тогаш ние ќе си го исчиме ѓубрето. Од утре почнуваме со темелно чистење на улиците, со цистерна, две метларки и камион. Чистотата и здравјето на центарци е најважно“, рекол  Герасимовски. 

Тој порачал дека Градот Скопје мора поажурно да се грижи за хигиената во градот затоа што со негрижата покажува тотална незаинтересираност за граѓаните, загрозувајќи го нивното здравје.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Митева: Поважни одлуки од 46та владина седница за подобар квалитет на живот за граѓаните и за зајакнување на економијата

Следно

СДА Македонија изразува револт поради дипломатските скандали и провокации за време на празнувањето на Денот на Св. Сава

Latest from Blog

Арлинда Кадри Шахиновиќ и Сузана Јошевска – Анастасовска избрани за членки на Судскиот совет

Вонредната професорка Арлинда Кадри Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска денеска беа избрани за членки на Судскиот совет. Пратениците во Собранието на денешната седница ги изгласаа двата предлога на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која

Победа на ВЛЕН на изборите – јасна порака од албанската заедница

ВЛЕН извојува убедлива победа на локалните избори, освојувајќи 10 општини и потврдувајќи ја широката поддршка и доверба што ја доби од албанските граѓани. По завршувањето на официјалниот изборен процес, кој вчера заврши

Сопственикот на барот во Кран-Монтана доби три месеци притвор

Кантоналниот суд на швајцарскиот кантон Вале денеска му одреди притвор на сопственикот на луксузниот бар „Констелејшн“, Жак Морети, каде што 40 лица го загубија животот во пожарот на новогодишната ноќ. На сопственикот
Go toTop