Министерството за спорт и Државната Видеолотарија се договорија: Нема веќе спортски ликови на рекламите за коцка и обложување!

November 5, 2024
1 min read

Министерот Борко Ристовски во име на Министерството за спорт и генералниот директор на Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, Костадин Каракабаков, денеска потпишаа меморандум за соработка во дејноста спорт.

Во меморандумот се утврдуваат облиците и начинот на соработка меѓу потписниците со цел да се воспостави взаемно корисна соработка за промоција на вредности поврзани со спортот, односно размена на информации и соработка на активности за општествено корисни цели поврзани со спортот, како и спроведување на разни спортски активности и настани.

Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија ДОО Скопје, се обврзува да се воздржи од ангажирање на општествено препознатливи личности во ликот на поранешни и активни врвни спортисти во свои рекламни кампањи во делот на директно рекламирање и промоција на производи кои се однесуваат или поттикнуваат обложување и коцка.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Галант, на негово место го назначи министерот за надворешни работи Кац

Следно

Голем банер со сликите на Трамп и Харис поставен во центарот на Приштина

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и
Go toTop