Голем банер со сликите на Трамп и Харис поставен во центарот на Приштина

November 5, 2024
1 min read

Со мировна порака за пријателството на Косово со Соединетите Американски Држави, попладнево во центарот на Приштина е поставен голем банер со фотографиите на кандидатите за претседател на САД, Камала Харис и Доналд Трамп, јави дописникот на МИА од Приштина.

Банерот со пораката „Заедно стоиме во земјата на слободата“ кој, дента кога се одржуваат претседателските избори во Америка, е поставен на фасадата на хотелот „Гранд“ во центарот на косовската престолнина, покрај оној за поддршка на Украина со порака „Слобода за Украина“, е дело на Косовскиот институт за студии на хибридната војна „Октопус“.

Вишиот истражувач на „Октопус“, Гуракуќ Кучи за агенцијата КосоваПрес (kosovapress.com) изјави дека народот на Косово секогаш стои покрај Соединетите Американски Држави, притоа нагласувајќи ја важноста за целиот свет на претседателските избори што се одржуваат таму.

Кучи нагласи дека, покрај косовската независноста, „САД и Косово ги обединуваат вредностите, достоинството и опстојноста во самоопределувањето“.

„Поддршката на Косово не изостана ниту од републиканците ниту од демократите, додека беа на власт… САД имаат стабилна демократија, стратегија и систем, со што на светот му обезбедуваат побезбедна иднина“, рече Кучи, додавајќи дека овој банер е порака на благодарност за континуираната помош од Америка.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерството за спорт и Државната Видеолотарија се договорија: Нема веќе спортски ликови на рекламите за коцка и обложување!

Следно

Меџити: Барањето предвремени избори е дневна политика и пинг-понг надмудрување

Latest from Blog

Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000

Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување

Казна со бодови не е доволна: Премиерлигашите бараат исфрлање на Манчестер сити?!

Ривалите на Манчестер Сити сметаат дека обично одземање бодови не би било доволна казна за прекршоците за кои клубот беше прогласен за виновен. Независна комисија го прогласи Сити за виновен за сериозни

Се урна воен авион со 32 патника во Нигерија- пронајдени се делови на тела (ВИДЕО)

Воен авион со 25 патници и седум членови на екипажот се урна во јужна Нигерија, што предизвика масовна операција за пребарување и спасување, соопштија властите, според Independent.co.uk. Министерот за воздухопловство на Нигерија,
Go toTop