Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Галант, на негово место го назначи министерот за надворешни работи Кац

November 5, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва го отпушти министерот за одбрана Јоав Галант и го замени со министерот за надворешни работи Израел Кац, јавија израелските медиуми, пренесува Анадолу.

Израелската радиодифузна корпорација објави дека Нетанјаху го информирал Галант за неговото отстранување од министерското место.

Според соопштението од Кабинетот на Нетанјаху, на местото на Израел Кац, за министер за надворешни работи, е назначен лидерот на Националната десница Гидеон Саар, за министер за надворешни работи.

Галант по повод разрешувањето на платформата X напиша: „Безбедноста на државата Израел беше и секогаш ќе биде мојата животна мисија“.

Израелскиот дневен весник „Једиот Ахронот“ објави дека Нетанјаху го известил Галант за неговото отпуштање само 10 минути пред официјалното соопштение.

Опозицискиот лидер Бени Ганц, исто така коментираше на X: „Политика на сметка на националната безбедност“.

Во меѓувреме, Јаир Голан, лидерот на Израелската демократска партија, преку Х ги повика граѓаните да излезат на улиците на протести по разрешувањето на Галант.

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, ја пофали одлуката на Нетанјаху за разрешување на Галант, порачувајќи на X: „Му честитам на премиерот за одлуката да го отпушти Галант, премиерот направи добро што го отстрани од функцијата“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски побара обвинителството да го истражи криминалот во претпријатието „Државни патишта“, поврзан со патот Скопје-Блаце

Следно

Министерството за спорт и Државната Видеолотарија се договорија: Нема веќе спортски ликови на рекламите за коцка и обложување!

Latest from Blog

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Видеото неодамна снимено од спасувачи на животни од лажната ветеринарна клиника во Гуарулос, Сао Паоло, Бразил, го покажува најмонструозното занемарување на животните чувани во најневеројатни услови. Благодарение на заедничката операција на Цивилната

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот
Go toTop