Милевски: Се извинувам на цела нација, но не планирам да се откажам

June 20, 2023
1 min read

Благоја Милевски беше суспендиран на натпреварот против Украина поради црвениот картон со Малта и затоа не го водеше тимот во петокот, но затоа против Англија беше крај теренот и го гледаше најлошото издание на неговите фудбалери откако ја презема националната селекција.

Македонија доживеа тежок пораз на гостувањето на „Олд Трафорд“ и со резултат 7:0 ќе се врати во Скопје, па поради тоа, Боби реши да и се извини на целата нација пред да почне да анализира било какви фудбалски случувања на теренот.

– Прво и основно, сакам да и се извинам на цела македонска нација за нашето издание и перформансот кој го прикажавме. Јас сум тренер на овој тим, јас ги бирам играчите и одговорноста е моја, – изјави Милевски во прес-центарот на театарот на соништата.

– Затоа, сакам да испратам мое извинување до цела нација и посебно извинување до сите навивачи, особено до оние кои дојдоа да не поддржат и во Манчестер. За жал, се случуваат и вакви работи во фудбалот. Ова се истите фудбалери кои играа со Италија, со Германија, со Португалија. И јас сум истиот тренер, но во фудбалот има и вакви денови. Потфрливме во секој поглед. Тргнувајќи од мене, па потоа во сите линии на теренот. Јас сум одговорен на прво место, јас ги бирам играчите и одредувам кој ќе игра. Игравме против најразиграниот тим во Европа, но потфрливме во сите наши замисли. Пресуди нивниот индивидуален квалитет, но ова не значи дека треба да се откажеме. Јас сум борец и не планирам да се откажам, треба да сме силни и сплотени и во вакви тешки моменти. Да преспиеме и во иднина да прикажеме подобра слика од оваа на овој меч – нагласи селекторот, кој со оваа изјава јасно стави до знаење дека не планира да си поднесе оставка.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Петмина брои екипажот на исчезнатата подморница за обиколка на „Титаник“, потрагата по нив и понатаму трае 

Следно

Реал Мадрид се засили со Хоселу

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop