Петмина брои екипажот на исчезнатата подморница за обиколка на „Титаник“, потрагата по нив и понатаму трае 

June 19, 2023
2 mins read

Според американската крајбрежна стража, петтемината членови на посадата на исчезната подморница можно е да имаат кислород за уште околу 70 часа

Сè уште трае потрагата по подморницата која ја користат турсти за обиколка на остатоците на потонатиот брод „Титаник“, а која исчезна во Атлантскиот океан.  

Подморницата за разгледување на остатоците на „Титаник“ на компанијата „Оушнгејт“/Фото: Оушнгејт

Американската крајбрежна стража потврди дека во подморницата, која исчезнала во неделата по локално време, имало пет лица. 

Во потрага по подморницата се вклучени американски и канадски авиони за набљудување, меѓу кои и високософистицираниот авион П8 Посејдон кој има можности за подводна детекција.   

„Во овој момент бараме пет лица кои се водат како исчезнати“,

изјави Саманта Коркоран, поручник во крајбрежната стража. 

 Подморницата, како што е соопштено, изгубила контакт еден час и 45 минути по нурнувањето. Според објавените информации, едно нуркање до остатоците на „Титаник“, вклучувајќи спуштање и искачување, трае околу осум часа. 

Адмиралот Џон Могер од американската крајбрежна стража на прес-конференција соопштил дека прават се што можат за да ги „лоцираат и спасат“ лицата што се наоѓаат во исчезнатата подморница, пренесува Би-би-си. 

Тој ја опишал областа во која се врши потрагата како „оддалечена“, што ја отежнува операцијата. 

Адмиралот додал дека потрагата е уште посложена бидејќи се претпоставува дека  подморницата можеби не се појавила повторно на површината, поради што крајбрежната стража е принудена да користи сонар за пребарување под површината на морето. 

Исчезнатата подморница е дизајнирана така што има на располагање резервно количество на кислород за 96 часа доколу има потреба од тоа, соопштил адмиралот.   

„Очекуваме дека има некаде помеѓу 70 и целосни 96 часа кои се на располагање во овој момент“,

рекол тој, пренесува Би-би-си. 

Адмиралот Џон Могер од крајбрежната стража на САД/Фото: Принтскрин

Одговарајќи на последното прашање, Могер изјавил дека во подморницата имало еден пилот и „четворица оператори на мисијата“, чија улога, како што наведува британскиот национален сервис, не е целосно јасна.  

Инаку, локацијата каде се наоѓаат остатоците на Титаник е на околу 12 километри од канадскиот остров Њуфаундленд, на длабочина од 3 800 метри.   

Од компанијата што ги организира турите со подморницата „Оушнгејт експедишнс“ (OceanGate Expeditions) претходно соопштија дека ги истражуваат сите опции за безбедно враќање на екипажот.   

„Оушнгејт експедишнс“ е компанија со седиште во САД, која наплаќа по 250 000 долари за своите патувања како „шанса да излезете надвор од секојдневниот живот и да откриете нешто навистина необично“. 

Претходно Би-би-си пренесе дека британскиот истражувач Хамиш Хардинг завчера изјавил дека треба да се приклучи на најновата експедиција на „Оушнгејт“.  

Хардинг на Фејсбук и на други социјални мрежи напишал дека во неделата бил направен обид за нурнување откако екипажот во саботата тргнал од градот Сент Џонс, Њуфаундленд.  

Тој додал дека тимот на подморницата вклучува неколку истражувачи, од кои некои направиле над 30 нуркања до остатоците на „Титаник“ во 1980-тите години.  

Хардинг, исто така, навел дека ова патување најверојатно ќе биде првата и единствена мисија со екипаж оваа година поради суровите временски услови. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Театарот на соништата“ кошмар за Македонија, историски најубедлив пораз од 7:0

Следно

Милевски: Се извинувам на цела нација, но не планирам да се откажам

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop