Месото во исхраната на бебето се внесува по седмиот месец од развојот

March 5, 2024
1 min read

За бебињата, стручњаците вообичаено препорачуваат внесување месо во исхраната дури кога малечкото ќе го достигне седмиот или осмиот месец. И, најважно е тоа да оди постепено, прво како мал дел од оброкот. Се зема мало парче месо, сварено, и се сечка заедно со зеленчукот за бебето.

Во никој случај не се препорачува да му се даде одеднаш цела тегла мелено месо на бебето, или како „чист“ оброк. Во почетокот, тоа треба да биде само малку месо – еднаш или двапати во седмицата, наведува босанскиот портал „Аваз“.

Месото содржи масти. За разлика од млекото, од коешто маснотиите може целосно да се извлечат, тоа не може да се направи со месото. Дури и посебно избраното „посно“ месо содржи најмалку седум отсто маснотии.

Освен тоа, месото е полно со протеини и железо, но нема влакна. Поради тоа, минувањето низ желудникот и цревата оди многу побавно.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Додека Шабан беше жив имаше многу пријатели, а Илда Шаулиќ сега откри што се случило со нив по неговата смрт

Следно

„Полиграф“: Кој ги пренесе некритички дезинформациите од говорот на Путин пред руското Федерално собрание?

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop