„Полиграф“: Кој ги пренесе некритички дезинформациите од говорот на Путин пред руското Федерално собрание?

March 5, 2024
1 min read

На 29 февруари 2024, неколку портали некритички пренесоа пропагандни пораки од говорот на рускиот претседател Путин пред федералното Собрание.

Порталот „Кумановски муабети“ објави: „Путин: Русија нема да ја нападне Европа“, а Инфомакс објави: „Путин: Чиста глупост се тврдењата дека Русија ќе ја нападне Европа“.

Овие портали не ја цитираа целосно изјавата на Путин, пренесена од Тасс и Царград ТВ, во која тој дезинформира дека „Западот испровоцира конфликти во Украина, Блискиот Исток и во други региони во светот…“.

Но, ниту Западот изврши агресија врз Украина, ниту го испровоцира најновиот конфликт на Блискиот Исток, кој започна со нападите на Хамас. Со агресијата врз Украина, која е европска земја и членка на Советот на Европа од 1995 година, Русија веќе ја нападна Европа, поради што Советот на Европа ја исклучи Русија од членство.

Токму затоа, тврдењето дека „Русија нема да ја нападне Европа“ може да се оцени како пропагандна дезинформација. За да не станат пренесувачи на дезинформации, медиумите не треба да ги пренесуваат политичките изјави без да направат проверка на факти.

Извор: alsat.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Месото во исхраната на бебето се внесува по седмиот месец од развојот

Следно

Неверојатни 7 милиони денари за добивки, им се исплатени на играчите на 2win.мк

Latest from Blog

Божиновска: Отвораме нови можности за соработка со Шпанија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на прием организиран од шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Соријано Ортиз, по повод посетата на директорот на Институтот „Сервантес“, Луис Гарсија Монтеро.

Општина Битола стартува со целосна обнова на „Дебарска“, инвестиција вредна над 37 милиони денари

Последиците од 30 годишната негрижа за улицата “Дебарска”, денес се очигледни. Оваа локална самоуправа, согледувајќи ги опасностите, уште пред 2 години започна со подготовка на документација, а сега и со реализација на

Комуналец Прилеп: Чист град се гради со заедничка грижа

ЈКП „Комуналец“ Прилеп апелира до граѓаните за поголема грижа и одговорност кон јавните површини, со цел заеднички да се придонесе за почист, поуреден и позелен град. Екипите на претпријатието денеска извршија бојадисување

„ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/ghanafaofficial/ Иако Англија доминираше во поседот на топката со 79 проценти од времето, Гана успешно го издржа притисокот и обезбеди клучен бод во Групата Л. Сепак селекторот на Гана, Карлос Кеирош верува

ТРАМП ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сенатот му нареди да ја запре војната со Иран

Сенатот на Соединетите Амрикански Држави (САД), каде мнозинството го имаат републиканците, усвои резолуција со кој му се наложува на претседателот на државата Доналд Трамп да ја запре војната со Иран или да
Go toTop