Мерц: Трамп ја прифати поканата да ја посети Германија

June 6, 2025
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп ја прифатил поканата да ја посети Германија, потврди германскиот канцелар Фридрих Мерц, пренесе агенцијата ДПА.

– Тимовите ќе бараат соодветен датум, изјави Мерц за германската јавна телевизија АРД по неговата средба со Трамп во Белата куќа.

– Разговаравме за многу теми, а тој беше многу заинтересиран за Германија, својата татковина. Тоа навистина го допре, рече Мерц. – Го поканив да ја посети Германија. Тој ја прифати поканата, додаде канцеларот, опишувајќи ја атмосферата на разговорот како „навистина добра“.

Мерц му подари на Трамп копија од историскиот извод од матичната книга на родените на неговиот дедо Фридрих Трамп, кој е роден во Калштад, во западна Германија, во 1869 година. Подоцна емигрирал во САД и го променил името во Фредерик. Документот му беше врачен на Трамп во златна рамка при почетокот на средбата во Овалната соба.

– Денеска поставивме основа за многу добри лични, но и политички конструктивни разговори, изјави германскиот канцелар, додавајќи дека се враќа во Германија „со чувство дека добив некој со кого можам да комуницирам на многу лично ниво“.

Мерц нагласи дека тој и Трамп имаат многу заедничко, вклучително и професионалните кариери што ги поврзуваат политиката и бизнисот. – Тоа навистина ги зближува луѓето, рече тој.

Канцеларот додаде дека се враќа во Германија со чувство дека „можеме да се слушнеме во секое време и дека наскоро повторно ќе се видиме“.

Мерц ја спомена претстојната самитска средба на Г7 во Канада, по која ќе следи и самит на НАТО во Хаг, нагласувајќи дека и двајцата „ќе имаат неколку можности да разговараат во брза последователност“.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кампања за заштита на шумите од пожар

Следно

Загрижувачки случаи на врсничко насилство – системот често доцни со реакција

Latest from Blog

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на

Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од 2027

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година. – Да бидам чекор
Go toTop