Матурантка од Охрид извиси за денешното полагање, гимназијата ќе ѝ овозможи да полага во августовската испитна сесија

May 27, 2023
1 min read

Матурантите од средните училишта во земјава денеска го полагаа првиот испит од овогодишната државна матура. Се полагаше мајчин јазик и литература (македонски, албански, турски) – првиот од двата екстерни испита, кој е задолжителен за сите матуранти

Откако на ученичка од Охрид денеска не ѝ било дозволено да полага државна матура, бидејќи нејзиното име го немало на списокот, од охридската гимназија попладнево преку соопштение известија дека жалат за настанот.

Оттаму додаваат дека ќе ѝ дозволат да ги полага двата интерни испита во училиштето во јунската испитна сесија, а тоа што останува во августовската сесија.

„Искрено жалиме што се случува ваков несакан проблем и наша заложба е да помогнеме и да излеземе во интерес на матурантката и родителите. Сакаме да потенцираме дека списоците за верификација на податоците за државна матура беа доставени на увид кај учениците уште на почетокот на второто полугодие, а потоа доставени до ДИЦ. И покрај напорите на училиштето да се реши ситуацијата, сепак не се наиде на разбирање од страна на надлежните институции. На ученичката ќе ѝ биде дозволено да ги полага двата интерни испита во училиштето во јунската испитна сесија, а тоа што останува во августовската испитна сесија“,

соопштија од ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Името Тијана Силјаноска од Охрид не се нашло на списокот од 200 матуранти од средното училиште „Св. Климент Охридски“

Таткото на ученичката во изјава за медиуми денеска кажа дека поради негрижата на надлежните од училиштето, неговата ќерка која е одличен ученик, нема да може да се запише на Факултет за физиотерапија во Словенија.

Тој обвини дека ова е административна грешка што се случила во февруари, но никој не алармирал за тоа.

Инаку, матурантите од средните училишта во земјава денеска го полагаа првиот испит од овогодишната државна матура. Се полагаше мајчин јазик и литература (македонски, албански, турски) – првиот од двата екстерни испита, кој е задолжителен за сите матуранти.

За полагање на завршниот испит во јунската испитна сесија, според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ) се пријавиле 15 620 матуранти од кои 6 750 се од гимназиско образование, 8 598 од средно стручно образование и 272 од средно уметничко образование. 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Обрач околу РТС на четвртиот масовен протест „Србија против насилството“

Следно

Ученици од „Рибникар“ на гости кај фудбалерите на Црвена Ѕвезда

Latest from Blog

Израелската војска интервенираше врз бродот „Хандала“, кој со помош се упати кон Газа

АНКАРА (АА) – Ема Фуро, француска пратеничка во Европскиот парламент (ЕП), патничка на бродот „Хандала“ на Коалицијата „Флотила на слободата“, чија цел е да достави хуманитарна помош во Појасот Газа кој е

„Кралевите“ ќе го купат Ерлинг Халанд, ако Винисиус си замине

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, сака да го потпише напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, ако крилниот напаѓач Винисиус биде продаден. Според „Cadena Ser“, шефот на мадридскиот клуб сонува Халанд и

Симулациска вежба „Пожар на пловен објект во Охридско Езеро“ во рамки на караванот „До вас, за вас“

На ден 26.07.2025 година, во периодот од 17:30 до 19:00 часот, на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, во организација на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, во рамки

Грција го активираше Европскиот механизам за цивилна заштита за справување со пожарите

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони, информираше портпаролот на противпожарната служба Василис
Go toTop