Обрач околу РТС на четвртиот масовен протест „Србија против насилството“

1 min read

Откако организаторите на протестот најавиле дека денеска ќе се формира обрач околу јавниот сервис со барање за објективно и непристрасно известување, во дневникот на РТС имало вклучување во живо од протестот

Продолжуваат протестите во Белград под мотото „Србија против насилство“. Снимките од дрон покажувааат дека и попладнево на белградските улици излегле илјадници граѓани. Демонстрантите се собраа пред Народното собрание од каде што се упатија пеш кон зградата на РТС, околу која направија обрач.

Н1 јавува дека откако организаторите на протестот најавиле дека денеска ќе се формира обрач околу јавниот сервис со барање за објективно и непристрасно известување, во вториот дневник на РТС имало вклучување во живо од протестот.

Демонстрантите бараат итно разрешување на сите членови на Советот на Рeгулаторното тело за електронски медиуми, итно укинување на реалните програми и емисии кои промовираат неморал и насилство на телевизии со национални фреквенции, забрана на печатените медиуми чија содржина промовира насилство, агресија и го крши новинарскиот кодекс и одземање на националните фреквенции на телевизиите Пинк и Хепи.

Тие бараат и разрешување на раководството на РТС поради, како што рекоа, емитување програми кои афирмираат насилство, криминал и агресија.

Протестите се реакција на двете масовни убиства што се случија во Србија, првото во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, а второто кај Младеновац, во кои беа убиени вкупно 17 лица.

Нов протест е најавен за 2. јуни.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Цртаа и најмалите: Публиката на Котон блуз фест спонтано се поврза со уметниците од ликовната колонија на фестивалот

Следно

Матурантка од Охрид извиси за денешното полагање, гимназијата ќе ѝ овозможи да полага во августовската испитна сесија

Latest from Blog