Матурантка од Охрид извиси за денешното полагање, гимназијата ќе ѝ овозможи да полага во августовската испитна сесија

May 27, 2023
1 min read

Матурантите од средните училишта во земјава денеска го полагаа првиот испит од овогодишната државна матура. Се полагаше мајчин јазик и литература (македонски, албански, турски) – првиот од двата екстерни испита, кој е задолжителен за сите матуранти

Откако на ученичка од Охрид денеска не ѝ било дозволено да полага државна матура, бидејќи нејзиното име го немало на списокот, од охридската гимназија попладнево преку соопштение известија дека жалат за настанот.

Оттаму додаваат дека ќе ѝ дозволат да ги полага двата интерни испита во училиштето во јунската испитна сесија, а тоа што останува во августовската сесија.

„Искрено жалиме што се случува ваков несакан проблем и наша заложба е да помогнеме и да излеземе во интерес на матурантката и родителите. Сакаме да потенцираме дека списоците за верификација на податоците за државна матура беа доставени на увид кај учениците уште на почетокот на второто полугодие, а потоа доставени до ДИЦ. И покрај напорите на училиштето да се реши ситуацијата, сепак не се наиде на разбирање од страна на надлежните институции. На ученичката ќе ѝ биде дозволено да ги полага двата интерни испита во училиштето во јунската испитна сесија, а тоа што останува во августовската испитна сесија“,

соопштија од ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Името Тијана Силјаноска од Охрид не се нашло на списокот од 200 матуранти од средното училиште „Св. Климент Охридски“

Таткото на ученичката во изјава за медиуми денеска кажа дека поради негрижата на надлежните од училиштето, неговата ќерка која е одличен ученик, нема да може да се запише на Факултет за физиотерапија во Словенија.

Тој обвини дека ова е административна грешка што се случила во февруари, но никој не алармирал за тоа.

Инаку, матурантите од средните училишта во земјава денеска го полагаа првиот испит од овогодишната државна матура. Се полагаше мајчин јазик и литература (македонски, албански, турски) – првиот од двата екстерни испита, кој е задолжителен за сите матуранти.

За полагање на завршниот испит во јунската испитна сесија, според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ) се пријавиле 15 620 матуранти од кои 6 750 се од гимназиско образование, 8 598 од средно стручно образование и 272 од средно уметничко образование. 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обрач околу РТС на четвртиот масовен протест „Србија против насилството“

Следно

Ученици од „Рибникар“ на гости кај фудбалерите на Црвена Ѕвезда

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop