„КАЈМАК” НА МАНЧЕВСКИ СО НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ НА СИНЕКВЕСТ ВО САД, ЌЕ ИГРА И ВО АВСТРАЛИЈА

September 1, 2023
1 min read

„Кајмак” на Милчо Манчевски е награден за Најдобар филм на фестивалот Синеквест во Калифорнија, САД каде беше американската премиера. Синеквест, чие 33-то издание заврши синоќа, е еден од најголемите и најреномирани независни фестивали на американскиот континент, а специфичен е по програмата што поддржува иновативни уметнички дела, а се одржува во Сан Хозе и Редвуд Сити во Силиконската Долина. Ова е втора награда за „Кајмак“ за три дена, откако освои специјално признание на жирито ФЕДЕОРА (Федерација на филмски критичари од Европа и Медитеранот) на фестивалот во Херцег Нови, Црна Гора.

„Две награди за три дена. Не е лошо за филм што нашата Агенција за филм го блокира, забранува и одбива да го исплати”, изјави режисерот Манчевски, а продукцијата соопшти дека светскиот продажен агент „Левел К“ од Копенхаген го пласираше „Кајмак“ и во Австралија, каде наскоро ќе почне прикажувањето.

„Кајмак” е еден од македонските филмови кои имаат најширок пласман во светот, продаден е за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите – од Аргентина, Бразил и Мексико до Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, од Гвајана и Ст. Китс и Невис до Данска… Понатамошниот процес на пласман е во тек.

Овој месец „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште три фестивали: i-Fest во Калабрија, Италија, каде ќе бидe прикажанa и ретроспектива на опусот на Манчевски, Балкан панорама во Измир, Турција, и „Avant&Una“ во Бихаќ, Босна и Херцеговина, а фестивалскиот живот ќе го продолжи и во текот на есента.

„Кајмак“, кој е македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж, ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија), потоа продолжи со фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија итн. Филмот беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми.
Филмот ја освои и Специјалната награда на жирито на „Фантаспорто“ во Португалија, а Сара Климоска беше прогласена за најдобра актерка на фестивалот во Сомбор, Србија. Филмот во јуни ја имаше и данската премиера во Копенхаген. „Кајмак“ лани беше најгледан филм во Македонија.

„Агенцијата за филм сè уште ги блокира двата проекти на Манчевски, ‘Кајмак’ и ‘Збогум, Копакабано!’ (работен наслов ‘Биста’), спротивно на одлуката на судот и на правното мислење на Министерството за култура. Јавна поддршка за Манчевски изразија Филмскиот фестивал во Венеција, ФИПРЕСЦИ (Федерацијата на здруженија на филмски критичари), Транспаренси интернешнл и Виселблоуинг Интернешнл“, велат од продукцијата „Банана филм“.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маричиќ: После Блед 2030 година стана реална за влез во ЕУ, конфузија настанува од оние кои бараат „влакно во јајцето“

Следно

„Кајмак” на Манчевски ја освои наградата за најдобар филм на фестивалот Синеквест во Калифорнија

Latest from Blog

Коњановски: Светското фолклорно шаренило е најубавата промоција за Битола

Битола повторно беше место каде се сретнаа различни култури, традиции и фолклорни богатства од целиот свет. Во рамки на фестивалот „Илинденски денови“, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, организираше прием и фолклорна дружба

Општина Битола: Бесплатен автобуски превоз за 55-та Семакедонска средба во Трново

Општина Битола организира бесплатен автобуски превоз за граѓаните кои сакаат да присуствуваат на 55-та Семакедонска средба, која ќе се одржи во недела, на 2 август, кај црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во

Тоневски: Со инвестиција од 11 милиони денари се обновува улицата „Јаким Стојковски“

Реконструкцијата на дел од улицата „Јаким Стојковски“ во Пробиштип се одвива со засилено темпо, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, деновиве е поставен нов асфалтен слој на поголемиот дел од предвидената делница,

Берзански пресек: МБИ10 во благ пораст, промет од речиси 7 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 31.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.293,43 поени. Во

ФИФА го зголеми „поткупот“: По 86 милиони долари за секој кој ќе гласа за „приватно Светско“!

ФИФА продолжува со забрзаното лансирање на новата подружница на Светското првенство, позната како ФИФА Форвард Ентерпрајз (ФФЕ) и покрај реакциите на светските асоцијации. Според „Скај Њуз“ управното тело на светскиот фудбал има
Go toTop