Мандана пред велешката публика на фестивалот „5ре“ посветен на легендарниот Петре Прличко

April 14, 2025
1 min read

Вечерва, 14 април, понеделник, како дел од програмата на четвртото издание на велешкиот фестивал „5ре“  ќе се одржи проекција на филмот „Мис Стон“ (1958) на режисерот Жика Митровиќ. Проекцијата е овозможена од Кинотеката на РС Македонија, а за прв пат во Велес ќе се прикаже дигитално реставрирана копија на овој омилен филм на многу генерации.

Бидејќи фестивалот е посветен и инспириран од ликот и делото на легендарниот актер Петре Прличко, публиката ќе се потсети на неговата незаборавна улога во филмот – ликот на комитата Мандана.

Овој шегобиец, филозоф, мудрец и стар, прекален борец ја има една од најпопуларните реплики во историјата на македонскиот филм, во сцената кога во четата на Јане Сандански, Катерина го раѓа бебето, симбол на македонската борба за слобода. Мандана понесен од возбуда, ќе му посака на мелечкото: „Ај да ми бидеш живо и здраво детуле. Да пораснеш големо. На лице бело и црвено, како тетовско јаболко. На снага – вита ела пиринска. Грлото бисер да ти рони. Гласот да ти биде како на славејче. Славејче наше убаво. И, кога еден ден ќе гледаш во големото сино небо и ќе слушаш славеј – спомни си за нас. Спомни си ја четата во која си се родило. Таа чета, ангелче, се бори за твојата слобода…“

„Мис Стон“ е првиот македонски игран филм снимен во колор и во тоталскоп техника, со Петре Прличко, Олга Спиридоновиќ, Илија Милчин, Илија Џувалековски, Марија Тоциновски, Драган Оцоколиќ, Дарко Дамески, Драги Костовски, Вукан Диневски и многу други во улогите на комити, мисионери, турски аскер, револуционери, селани… Следната 1959 година, за улогата на Манданата, Петре Прличко ќе ја добие престижната „Златна Арена“ на фестивалот во Пула.

Проекцијата на „Мис Стон“ започнува во 20.00 часот во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тие се следни! Трамп откри кој е во втората рунда на царини

Следно

Советничка од Кочани поднесе оставка: „Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете“

Latest from Blog

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни

Трамп со ултиматум до Техеран: Отворање на Ормускиот теснец во рок од 48 часа или „уништување“ на електраните

 Само ден откако америкаснкот претседател Трамп најави намалување на воените операции, тој сега му постави ултиматум на Иран.  Заканувајки се дека ќе ги уништи неговите електрани, доколку во рок од 48 часа

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството, во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме и со нив и со судовите

Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме не само со Обвинителството, туку и со судовите, изјави премиерот Христијан Мицкоски,
Go toTop