Тие се следни! Трамп откри кој е во втората рунда на царини

April 14, 2025
1 min read

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска објави дека одредени електронски уреди и понатаму ќе бидат подложни на постоечките царини, како и дека следната недела ќе објави нови царини за полупроводници.

– Никој не избегал царини. Производите што моментално се изземени само се преместуваат во друга царинска категорија, а администрацијата ќе ги разгледа мерките за полупроводниците и целиот синџир на снабдување со електроника – напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social, пренесе Блумберг.

Администрацијата на американскиот претседател вчера донесе одлука дека реципрочните царини – меѓу кои се и тарифи од 125 отсто на увоз од Кина – нема да важат за паметни телефони и компјутери.

Доцна во петокот беше објавено дека оваа стока ќе биде изземена од одлуката на Трамп за 10% царина на увозот од повеќето земји, како и од многу повисоките тарифи на кинеските производи.

Американските технолошки компании беа загрижени дека цената на технолошките уреди драстично ќе порасне, бидејќи најголемиот дел од нив се произведуваат во Кина.

Со одлуката на американската администрација, од царини се изземени и електронски уреди и компоненти, вклучувајќи полупроводници, соларни ќелии и мемориски картички.

(Telegraf.rs / Tanjug)

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДЗР ќе им ги запре парите на политичките партии што не поднеле извештај како ги трошат

Следно

Мандана пред велешката публика на фестивалот „5ре“ посветен на легендарниот Петре Прличко

Latest from Blog

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop