Макрон сака да ја види Русија поразена во војната со Украина, но не и скршена

February 19, 2023
2 mins read

„Не мислам, како некои луѓе, дека мораме да целиме кон целосен пораз на Русија со напад на Русија на нејзина почва. Овие набљудувачи сакаат, пред сè, да ja уништат Русија. Тоа никогаш не бил ставот на Франција и никогаш нема да биде наша позиција“, изјавил Макрон за „Журнал ду диманж“ (Le Journal du Dimanche), пренесува Би-би-си

Францускиот претседател Емануел Макрон изјавил дека посакува Русија да биде поразена во војната со Украина, но не и да биде скршена, пренесува Би-би-си. Тој, зборувајќи за француските медиуми, ги повикал западните земји да ја зголемат воената поддршка за Киев и рекол дека е подготвен за долготрајна војна. 

 „Сакам Русија да биде поразена во Украина и сакам Украина да може да ја одбрани својата позиција“,

рекол Макрон.  

Сепак, тој упатил и порака до оние за кои, како што рекол, сакаат да ја прошират војната на територијата на Русија во обид да ја скршат нацијата. 

Францускиот претседател Емануел Макрон/Фото: Архива

Коментарите на Макрон доаѓаат за време на Минхенската безбедносна конференција на која светските лидери, меѓу другото, ветија забрзување на испораката на оружје за Киев и воведување построги санкции кон Москва. 

„Не мислам, како некои луѓе, дека мораме да целиме кон целосен пораз на Русија со напад на Русија на нејзина почва. Овие набљудувачи сакаат, пред сè, да ja уништат Русија. Тоа никогаш не бил ставот на Франција и никогаш нема да биде наша позиција“,  

изјавил Макрон за „Журнал ду диманж“ (Le Journal du Dimanche).

Говорејќи на конференцијата во Минхен во петокот, Макрон инсистираше на тоа дека сега не е време за дијалог со Москва. Сепак, тој не избегна да ги спомене мировните преговори како крајна цел. 

Макрон посочи дека украинските воени напори, поддржани од сојузниците, се единствениот начин да се врати Русија на маса и да се изгради траен мир. Тој, исто така, ја отфрли можноста за промена на режимот во Русија опишувајќи ги сличните напори низ светот како целосен неуспех. 

И покрај коментарите на Макрон, засега нема изгледи ниту од Москва ниту од Киев за седнување на преговарачката маса.  

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој учествува на Минхенската безбедносна конференција, ја поздрави одлуката да не се покани Москва на конференцијата.  

„Руските лидери не треба да бидат поканети на маса се додека терористичката држава убива, се додека користи бомби, проектили и тенкови како аргумент за меѓународната политика“,

рече тој. 

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба во саботата во Минхен го бранеше повикот за употреба на касетна муниција против руските војници бидејќи Украина не е потписник на Конвенцијата за забрана на употреба на такво оружје, но таквиот повик беше отфрлен од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. 

Инаку, потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, во саботата на конференцијата во Минхен првпат ја обвини Русија дека извршила злосторства против човештвото во Украина, за што се собрани и попишани повеќе од 30 000 случаи. Стортелите ќе одговараат пред суд, порача таа. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Три лица каснати од кучиња скитници

Следно

Потрагата по преживеани во земјотресот што ја погоди Турција завршува вечерва

Latest from Blog

Меџити: Владата повторно ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за нафта

Владата ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за набавка на нафта, вели министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. -Целта на оваа Влада е

Арсовска не планира да се бори за втор мандат: Не сакам никогаш повеќе да работам со луѓе кои само саботираат и блокираат

Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, потврди дека нема да се кандидира за нов мандат. Во изјава за медиумите денеска, по примопредавањето на шест нови еколошки автобуси за ЈСП, таа истакна дека

Митева: 200 проценти поголем буџет за информациски и комуникациски проекти на Министерството за дигитална трансформација во 2025-та година

Вкупниот проектен буџет за информациски и комуникациски проекти на Министерството за дигитална трансформација за 2025 година е поголем за 200 проценти, споредено со претходните години – од 154 милиони денари во 2023,

Мисајловски оствари средба со амбасадорката на Државата Израел

Денеска остварив средба со амбасадорката на Државата Израел, Н.Е Симона Франкел, објави Владо Мисајловски, министер за одбрана. На средбата разговаравме за можностите за продлабочување и унапредување на одбранбената соработка помеѓу двете земји
Go toTop