Вистината за Кочани: Мицкоски ја попречува истрагата и стои на патот на правдата

June 6, 2025
1 min read

СДСМ и денеска продолжува да ја објавува вистината за Кочани.

Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, денеска на прес конференција праша зошто во ниту еден момент ниту обвинителот Коцевски, ниту министерот за внатрешни Тошковски, ниту премиерот Мицкоски не се осудија да го коментираат потеклото на пиротехниката која го предизвика пожарот во дискотеката Пулс кој зема 62 млади животи, а повредени беа 200 млади луѓе?

„Зошто истрагата досега не доведе до сознание кој ја внел пиротехниката во клубот? Зошто МВР на Тошковски досега не испита кој нелегално во Македонија шверцува пиротехнички средства и како пиротехнички средства завршиле во дискотеката Пулс кобната вечер? Дали доколку се дознае потеклото на пиротехниката истрагата ќе дојде до најблискиот периметар на луѓе околу премиерот?“, праша на прес конференцијата Илиевски.

СДСМ прашува дали постои пријава во обвинителството дека потеклото на пиротехниката во дискотеката Пулс е од фирма блиска на најтесното опкружување на Мицкоски?

„Зошто досега обвинителството не постапило по оваа пријава? Дали Обвинителството воопшто ја внело во евиденција ваквата пријава? Имено сопственик и одговорно лиценца на фирмата е лице од блиското опкружување на Мицкоски од Струмица. Дали оваа компанија била задолжена за организација на партиските митинзи на ВМРО-ДПМНЕ? Дали ова е причината поради која Христијан Мицкоски ја попречува истрагата на обвинителството и не дозволува истата да го има правилниот тек? Дали впрочем Мицкоски цело време го штити еден од своите најблиски соработници, а со тоа се штити и самиот себе?“, посочи Илиевски.

Илиевски ја информираше јавноста дека СДСМ нема да дозволи одговорните за пожарот во Пулс во кој животот го загубија 62 млади лица, а 200 беа повредени да останат неказнети!

„СДСМ нема да дозволи Мицкоски да ја попречува истрагата и да застане на патот на правдата! СДСМ и натаму ќе продолжи да ја објавува „Вистината за Кочани“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Баерн Минхен на Милан му нуди 60 милиони, плус да си одбере еден играч во замена за Леао

Следно

ЦУК: Нема повредени, но има штети по денешното невреме!

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop