Македонските одбојкари ја победија Црна Гора – на пат се кон историско осминафинале на ЕП

September 2, 2023
1 min read

Утре одбојкарите ќе се соочат со фаворитот во нашата група, репрезентацијата на Полска

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва со 3:0 ја победи Црна Гора на Европското првенство, на кое еден од градовите домаќини е и Скопје.

Првиот сет одбојкарите го добија со 25:22, вториот со 25:19, а третиот со 29:20 поени.

Ова е втор натпревар за македонските одбојкари и втора победа по стартната што ја имаа над репрезентацијата над Данска. Утре, одбојкарите ќе се соочат со фаворитот во нашата група Полска.

Со втората победа на Европското првенство и освоени шест бода, македонската репрезентација е на пат кон историско осминафинале кое теоретски сè уште не е освоено, но треба да се случи чудо за да се уништат шансите односно да не бидеме меѓу првите четири од вкупно шест репрезентации во нашата група.

Осминафиналето односно нокаут фазата ќе се игра во Италија, која заедно со Македонија, Бугарија и Израел се организатори на првенството.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Белингем е незапирлив: Во 95. минута донесе пресврт и триумф на Реал! (ВИДЕО)

Следно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Македонија ја „прегази“ Црна Гора за прво осминафинале на ЕП во историјата

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop