Македонските граѓани не можат да си дозволат нов автомобил: Лани продадени трипати повеќе половни отколку нови

1 min read

Во 2023 година во земјава влегле 9999 нови автомобили кои дилерските компании ги продале на физички и правни лица, покажуваат податоците од Царинската управа за 2023 година. Ова се 1209 нови автомобили повеќе отколку во 2022 година, но бројките се сепак мали во однос увозот на половни или употребувани возила што на крајот говори за куповната моќ на граѓаните во овој момент.

Во 2023 година, се донесени 33213 половни автомобили на автоплацевите ширум Македонија што е трипати повеќе отколку кај новите возила.

Најголема причина за ова, според експертите, е што државата не го субвенционира купувањето на ново возило со еколошко гориво како во многу земји, па граѓаните се одлучуваат да купуваат извозени и истрошени возила со просечна старост од 10 години и со многу опрема за која се плаќа висока царина.

Во 2023 година граѓани и фирми набавиле вкупно 47.050 патнички возила. За споредба, во 2022 година, податоците од Царинска управа покажуваат дека биле набавени 8790 нови автомобили и 23381 употребуван автомобил или вкупно 35458 возила што е за 11592 помалку од 2023.

Во 2023 година најмногу автомобили биле набавени во јуни, вкупно 1009 возила.
Слична е статистиката и кај товарните моторни возила. Во 2023 биле продадени 1202 нови камиони и 2355 половни товарни возила.

Најлоша е состојбата кај увозот на патнички автобуси и минибуси. Нашите агенции и компании за транспорт на патници набавиле само 17 нови автобуси и 264 употребувани што некако се вклопува во актуелната состојба на возниот парк која ја опишуваат патниците: патишта преполни со стари и небезбедни автобуси.

Извор: skopskoeho.mk

Претходно

Европскиот парламент денеска ќе гласа за резолуција за ситуацијата во Србија по изборите

Следно

Денеска во Париз од третиот шешир ги чекаме противниците за новата Лига на нации

Latest from Blog