Македонскиот пазар добива нов мобилен играч: „Оне Македонија“

January 12, 2026
3 mins read

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска донесе одлука дека „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“ е најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор во државава.

Од АЕК за МИА изјавија дека со денешната одлука почнува да тече рокот од 10 дена за уплата на еднократниот надомест за трите фрекфенциски опсези, што се доделуваа со тендерот, во вкупен изос од 8.020.003 евра. Најнискиот почетен износ на пазарната вредност на радиофрекфенциите како еднократен надомест за одобрението А1 е 4,2 милиони евра, за одобрението Б1 е 1,5 милион евра, а за одобрението C1 – 2,32 милиона евра.

По уплатата, ќе може да се издаде одобрението, а компанијата може да почне со работа теоретски веднаш, односно да побара пристап преку мрежите на постојните оператори до изградба на своја инфраструктура.

Првиот критериум што ќе треба да го исполни новиот оператор е до крајот на март 2027 година еден град да покрие со 5Г, до крајот на 2028 година главните коридори во согласност со договорот за основање транспортна заедница на основната и за сеопфатната патна мрежа во државата да бидат покриени со непрекинат 5Г-сигнал, а до крајот на 2030 година сите градови во државата. До крајот на 2032 година секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5Г со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.

Носителот на одобрението мора да почне со користење на доделените радиофреквенции најдоцна во рок од 1 година од датумот на почнувањето на важноста на одобрението. Во областите во кои има слаба или воопшто нема покриеност, доколку носителот на одобрението планира да гради, ќе мора да ги консултира и другите оператори за заедничко инвестирање. Исто така, операторот ќе мора да обезбеди пристап до пасивна инфраструктура врз основа на разумно барање од други оператори.

– Според условите на тендерот, почетокот на сервисот е до крајот на 2026 година, така што по носењето на официјалната одлука од страна на АЕК, ќе почнеме со официјален процес на воспоставување нова мобилна мрежа во Македонија. Најдоца до крајот на 2026 година мора да почнеме операција во најмалку еден град во Македонија, може да биде и порано, но тоа е краен рок што го користиме како ориентација за нашите плански активности – изјави  Бране Ѓуровиќ, извршен директор на „Оне Македонија“, на 22 август минатата година по отворањето на понудите на тендерот, а на кој беа едиинствен понудувач.

Рокот на важност на одобренијата за користење радиофреквенции А1 и С1 ќе биде 12 години, односно до 2037 година, а на одобрението В1 – 8 години до 2033 година поради усогласување со претходно издадените одобренија на другите два оператора.

Од АЕК велат дека влезот на третиот мобилен оператор во државата ќе ја зголеми конкуренцијата на пазарот, што беше константна забелешка во извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија.

Процесот за воведување трет мрежен оператор за мобилни мрежи и услуги почна минатата година откога Групацијата 4иГ, преку својата подружница „Оне Македонија телекомуникации“, на 17 декември 2024 година официјално достави писмо за намери до АЕК, каде што изрази интерес за обезбедување достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во државата. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски во изјава за медиумите тогаш оцени дека официјализирањето на интересот за влез на пазарот од Групацијата 4иГ ќе значи крај на дуополот на двата мобилни оператора во земјата и намалување на цените за мобилни услуги.

На 22 април 2025 година Агенцијата за електронски комуникации отвори јавна расправа, која резултира со писмa за искажување интерес од „Оне Македонија телекомуникации“ ДООЕЛ Скопје, „Битстрим мобиле„ ДООЕЛ Скопје и од „е&ппф телеком груп Б. В“., а на 19 јули 2025 година донесе одлука за распишување јавен тендер со јавно наддавање за доделување одобренија за користење радиофреквенции од радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.x GHz.

На македонскиот пазар моментно работат „Македонски телеком“ АД Скопје и „А1 Македонија“ ДООЕЛ Скопје, како и виртуелните оператори „Лајкамобајл“ ДООЕЛ Скопје, „Мтел“ ДООЕЛ Скопје, „Роби“ ДООЕЛ Штип и „Греен телекомуникации“ ДОО Прилеп.

Заклучно со третиот квартал лани, бројот на активни претплатници во мобилната телефонија изнесува 2.105.467. Резиденцијални припејд-претплатници се 833.089, резиденцијалн постпејд 1.024.072, а деловни постпејд 248.306.

Според податоците на АЕК за третиот квартал лани, „А1 Македонија“ има 47,41 проценти удел во вкупниот број претплатници, „Македонски телеком“ – 46,68 проценти, „Мтел“ – 4,55 проценти, „Телекабел“ – 1,27 процент, а „Греен мобиле“ – 0,10 проценти. Во приходите од обезбедување мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во третиот квартал од 2025 година „Македонски телеком“ има удел од 49,49 проценти, „А1 Македонија“ – 48,58 проценти, „Мтел“ – 0,93 проценти, „Телекабел“ – 0,79 проценти, а „Греен мобиле“ – 0,11 проценти. Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) во третиот квартал имале 1.781.697 претплатници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БАНКАРОТ АЛЕКСАНДАР ОГРАБИЛ БАНКА, ОДНЕЛ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА – ги скрил во 6 дупки, па им поставувал загатки на полицајците!

Следно

Утврдена листата на пријавени кандидати за новиот состав на ДИК

Latest from Blog

Трипуновски: Период од две години за земјоделците да се прилагодат на новите услови

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во своето гостување во „Наткаст“ информираше дека целта на новините во програмата е зголемување на земјоделското производство. „Една од новините што ги предвидува Програмата

Миноски: Зголемување на минималната плата на 600 евра ќе опфати 230.000 работници и ќе донесе 300 милиони евра во буџетот

Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, повика на носење одлуки базирани на податоци (evidence-based policy) наместо на политички препукувања во врска со висината на

Американец избодел до смрт деветгодишно девојче- на суд тврди дека „го контролирала НАСА“

Скебас ја нападнал малата Лилија Валутите додека таа си играла на улицата пред продавницата за вез на нејзината мајка во центарот на Бостон на 28 јули 2022 година. Во срцепарателна изјава прочитана

Трипуновски: Го пуштаат Филипче низ вода – да работеа СДСМ домаќински, немаше да остават неисплатени субвенции

Решени сме да воведеме ред и да поставиме една јавна дистинкција меѓу оние кои работат и произведуваат со оние кои манипулираат, порача министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во „Наткаст“ на КУРИР со
Go toTop