Македонија во трговски минус: Извозот слабо расте, увозот ја тера економијата

May 9, 2025
1 min read

Во првите три месеци од 2025 година, Македонија продолжи да се соочува со проблемот на негативен трговски биланс. Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, вкупната вредност на стоковата размена на Македонија изнесува 4.701.140 милиони евра. Извозот на стоки е вреден 1.928,6 милиони евра, што претставува незначителен пад од 0,04% во споредба со истиот период од претходната година. Истовремено, увозот на стоки достигнува 2.772,6 милиони евра, што е за 1,28% повеќе во однос на првиот квартал од 2024 година.

Извозот и увозот на Македонија во јануари-март 2025 година покажуваат незначителни промени во споредба со истиот период од лани. Вредноста на извозот е намалена за околу 4,5% во март 2025 година, додека увозот е намален за 5,5% во истиот месец. Сепак, во првиот квартал 2025 година, се бележи благо подобрување на трговските показатели во споредба со претходната година.

Трговијата со земјите како Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина продолжува да биде доминантна. Овие земји учествуваат со 47,3% во вкупниот обем на трговската размена. Европската унија, како целина, има удел од 60,1% во вкупната трговска размена на Македонија.

Продукти кои доминираат во трговијата

Во периодот од јануари до март 2025 година, Македонија најмногу извезувала растителни и животински масти, со зголемување од речиси 30%. Следат суровините кои не се храна, кои покажуваат раст на извозот од 17%, како и пијалаците и тутунот, кои забележале раст од 15%. На страната на увозот, најголемиот пораст е забележан во увозот на масти од растително и животинско потекло, со раст од 38%. Минералните горива се увезени повеќе за 15,5%, додека увозот на пијалаци и тутунски производи е зголемен за 8%.

Трговската размена на Македонија продолжува да се соочува со глобални предизвици. Политиките на САД, како и економските турбуленции во најголемите европски економии, особено во Германија, оставаат значително влијание. Поголемите ризици за Македонија може да дојдат од продолжените економски проблеми во Европа, а посебно од несигурностите што ги создава војната во Украина.

Се очекува дека, иако Македонија продолжува да има негативен трговски биланс, не се предвидуваат сериозни економски последици доколку САД ги задржат најавените царини. Од друга страна, нестабилноста во Германија и продолжувањето на војната во Украина можат да ја отежнат трговијата во следните месеци. Сепак, македонската економија има потенцијал за раст ако се продолжи со промовирање на извозот на клучните производи, како што се растителни и животински масти, суровини и пијалаци.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Високата претставничка на ЕУ, Калас, и министрите за надворешни работи на ЕУ во посета на Украина

Следно

80 години од победата над фашизмот, бројни делегации со почит пред споменикот на партизанските гробишта

Latest from Blog

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски

Омерагиќ: ЛЕД екран долг 210 метри ја модернизира националната арена

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски

Меџити: Континуирана поддршка од ЕУ за евроинтеграцијата на Македонија

Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на политичкото движење ВЛЕН, Изет Меџити, денес оствари средба со европратеникот Томас Вајц, постојан известувач на Европскиот парламент, во рамките на континуираниот дијалог со

Проданоски: Прилеп подготвен за нови турски инвестиции и соработка

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со турскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Фатих Улусој и со Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО – Македонско-турската стопанска комора и почесен конзул на
Go toTop