80 години од победата над фашизмот, бројни делегации со почит пред споменикот на партизанските гробишта

May 9, 2025
1 min read

Во светот како и во Македонија се одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот, кога со капитулација на нацистичка Германија заврши Втората светска војна. Претставници на Сојузот на борците, државни делегации, дипломатски кор како и многубројни организации со почит на загинатите партизани се поклонија пред спомен-обележјето на партизанските гробишта во Бутел. Вицепремиерот за политички систем Љупчо Димовски рече дека борците за слобода кои ги дадоа своите животи за слободата се темелот на нашата држава.

„Овој ден претставува остварување на нашата идеја за самостојна Македонија. Тоа е идејата која била главниот мотив за сите македонски учесници во воениот виор, идејата која ги крепела низ сите искушенија, предизвици и битки“, вели Димовски.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани потсети дека македонските херои беа дел од борбата против фашизмот кои ги дадоа своите животи за слобода.

„9 Мај е ден на длабока симболика, победата над фашизмот но и ден на раѓањето на идејата за обединета и мирна Европа. Како министер за европски прашања сакам да порачам, нашата европска иднина не е декларација, таа е одлука.“, изјави Муртезани.

Порака за денешниот ден испрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој рече дека жртвата на партизаните не е само запишана во историските книги, туку таа е дел од нашиот идентитет.

„Ова место е ништо помалку од свето место, зашто тука даваме почит на оние кои помогнаа да се стави крај на ужасите од Втората светска војна. Но тие со својата пожртвуваност имаа несомнен придонес и во поставувањето на темелите на една визија за Европа.“, изјави Мисајловски.

Пред 8 децении тогашна нацистичка Германија потпиша безусловна капитулација со што беше ставен крај на Втората светска војна. На овој ден се прославува и Денот на Европа, кој е воспоставен како ден на сеќавање на Декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година со визија за мирна и обединета Европа што се смета за важен чекор во формирањето на Европската унија.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија во трговски минус: Извозот слабо расте, увозот ја тера економијата

Следно

Трамп предлага намалување на царините за Кина од 145% на 80%

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура

Николоски: 130-тонски машини копаат до 28 метри под земја за изградба на најтешкиот дел од автопато Охрид-Кичево

Во денешната изјава за медиуми заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, зборуваше за градежните активности на најсложениот дел од автопатот кај Ботун, како и за техничкото решение со
Go toTop