Македонија има нова влада, премиерот Мицкоски го започна својот мандат

June 24, 2024
1 min read

Со примопредавање на мандатот од техничкиот премиер Талат Џафери новиот претседател на Владата Христијан Мицкоски официјално го стартуваше својот премиерски мандат на Илинденска 2.

Собранието по дводневна расправа со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра новата Влада. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од Коалицијата Вреди и ЗНАМ.

Пртив Владата гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а Европскиот фронт ја напушти седницата кратко пред нејзиното завршување.

Иако како опозиционер тврдеше дека нема да ја користи придавката  „Северна“, новоизбраниот премиер Мицкоски во свечената изјава земјава ја нарече со уставното име „Северна Македонија“, согласно Преспанскиот договор со Грција.

На крајот од дводневната дискусија, Мицкоски вети дека неговата Влада „ќе ги подигне стандардите веќе во првите 100 дена, дека ќе работи напорно и ќе се погрижи земјата да се промени, да оди напред, дека ќе ги почитува граѓаните и бидејќи  ќе биде одговорна Влада. Новата Влада, која ја сочинуваат претставници на коалицијата „Твоја македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и партијата „ЗНАМ – за наша Македонија“, наместо 16 министерства, колку што имаше претходната влада, ќе има  20 министерства.

Тројца министри ќе бидат без ресори, а премиерот ќе има пет заменици. Во Владата на Христијан Мицкоски има 20 мажи и три жени, просечната возраст на членовите на владата е 47 години – најстариот има 66 години, а најмладиот 33 години. 

Второ клучно ветување на Мицкоски пред изборите беше дека „уставни измени под бугарски диктат нема да има“ и дека одново ќе се договара преговарачката рамка со ЕУ, иако плејада високи европски претставници во бројни наврати кажаа дека тоа не е возможно.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Советот на ЕУ го усвои 14-тиот пакет санкции против Русија

Следно

Навреда посилна од силување

Latest from Blog

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако

ТС Дуброво по 50 години запишана во сопственост на МЕПСО

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО,

Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Отава, кои ги оптоваруваат историски пријателските односи. „Проблемот е што тие се однесуваа многу неправедно кон Соединетите Држави. Тие беа една
Go toTop