Навреда посилна од силување

June 24, 2024
2 mins read

20-годишна девојка од Хамбург е испратена зад решетки откако упатила „говор на омраза“ кон мигрант кој бил вмешан во групно силување на девојче. Таа е само една од 140-те лица кои се под истрага за објавување „штетни и навредливи коментари“ кон силувачите.

Ужасниот напад се случил во 2020 година и вклучувал повеќе групи мигранти кои ноќно време во Штадпарк во Хамбург последователно нападнале 14-годишно девојче. Паркот во тоа време бил популарно место за дружење за младите за време на ковид карантините а девојката била таму со пријатели. Друштвото се распрснало откако полицијата упаднала во паркот разбивајќи ги групите заради спроведување на мерките за социјално дистанцирање.

Збунето и само, девојчето било немоќно пред првата толпа од четворица предатори. Мажите наизменично ја силувале. Пред да ја остават, ѝ го земале паричникот и мобилниот телефон. Трауматизирана и дезориентирана од првиот напад а немајќи начин да повика помош, девојчето по втор пат било нападнато од уште двајца мажи кои ја злоупотребиле нејзината ранлива состојба.

Во меѓувреме, некој од оние првите, преку нивните чет групи почнале да покануваат други мажи на силување, радосно споделувајќи ја веста дека во темниот парк има беспомошна тинејџерка а нема потенцијални сведоци.

Девојчето и третпат било нападнато од самец, а потоа и четврти пат од уште тројца мажи, кои ја одвлекле во грмушки и ја силувале. Конечно, успеала да им избега иако овие ја бркале за на крај да наиде на луѓе кои ја препознале ургентноста на состојбата и повикале полиција.

Првично биле обвинети вкупно 11 мажи, но двајца биле ослободени поради недостаток на ДНК докази. Во девојчето била најдена сперма  од девет мажи.

Петмина од мажите поседувале германски пасоши, додека останатите не биле државјани на Германија. Меѓу обвинетите, никој не бил со германско потекло. Силувачите се идентификувани лица од Египет, Либија, Кувајт, Иран, имало и Полјак, Ерменец, Авганистанец, Сириец и Црногорец.

Видеа од првото и третото силување биле снимени и споделени од напаѓачите преку WhatsApp, но видеата биле избришани пред случајот да се најде на суд. Сведоците кои ја виделе снимката пред нејзиното бришење, сведочеа за јасен сексуален напад. Кога сведочела и самата жртва и го реконструирала трауматичниот настан, обвинетите не покажале никакви знаци на каење а еден речиси заспал за време на постапката, пренесува Публика.

И покрај ДНК доказите и логовите од Воцап, осум од деветмина осудени мажи биле пуштени со условна казна и не минале ни ден во затвор. Деветтиот е осуден на две години и девет месеци затвор.

Случајот предизвика бес во Германија, како заради бруталноста на самото силување, така и за благите казни што им беа изречени на силувачите.

Во лавината реакции, идентитетот и телефонскиот број на еден од предаторите почнал да циркулира на Снепчет а бесни локаци му имаат пишувано мајки-шајки.

Гневна од веста за случај, 20-годишна девојка од Хамбург го споделила неговиот број преку WhatsApp, попат нарекувајќи го „свиња“ и “одвратен абортус“, со прашање „Зарем не ви е срам кога ќе се погледнете во огледало?“.

Наведениот потоа ја пријавил во полиција, против неа е подигнато обвинение за навреди и говор на омраза и осудена е еден викенд да мине во затвор – повеќе отколку осум од деветтемина силувачи. На суд, таа се извинила за нејзините коментари, велејќи дека постапила „рефлексно“ кога ги слушнала одвратните детали за случајот.

Според Хамбургер Абендблат, таа не е единствената која може да остане со пресуда за навреда на силувачите. Наводно, властите во Хамбург истражуваат 140 лица за прекршоци поврзани со „навреди, закани или друга штета“ кон предаторите од Штадпарк.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија има нова влада, премиерот Мицкоски го започна својот мандат

Следно

Далиќ: Мора да ја победиме Италија, не сакам рано да си одам дома

Latest from Blog

Првиот ФИФА терен во Македонија свечено пуштен во употреба во Босилово

Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање

Омерагиќ: Босилово е првиот чекор на проектот „FIFA Arena“ во Македонија

Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање

Комерцијална банка, Македонски Телеком и Тетекс најтргувани; МБИ10 порасна за 0,08%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 12.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.903,87 поени, со дневен раст од 0,08%, односно 7,94 поени,

Божиновска во Истанбул: Енергетиката денес е прашање на безбедност и стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на 29. Евроазиски економски самит во Истанбул, Турција. Годинешниот Евроазиски економски самит се одржа под мотото „Global Responsibility – The Post-War World

Флик го потврди новиот договор со Барса и коментираше за потегот на Јамал со палестинското знаме! (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Тренерот на Барселона, Ханси Флик, кој повторно стана нов шпански шампион во неделата, денеска имаше средба со медиумите пред утрешното гостување кај Алавес. Каталонците ја освоија 29-тата титула во својата историја
Go toTop