Македонија ги прими 20-те икони кои им припаѓаат на македонските цркви и манастири, а беа незаконски однесени во Албанија

December 15, 2023
1 min read

Владата високо го цени и го вреднува овој историски чин на враќање на дваесет икони кои им припаѓаат на македонските цркви и манастири. Иконите ги очекува уште едно патување. Овој пат да се вратат онаму каде што припаѓаат и си тежат. Заедно си одиме дома, порача министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на церемонијата во Тирана за свечено предавање на незаконски изнесените икони на македонската делегација.

Во овој гест како израз на пријателство од страна на Владата на Република Албанија, премиерот Еди Рама и мојата колешка, министерката Елва Маргарити, не ја препознаваме само политичката порака за почитување на преземените обврски како држави. Многу повеќе ја препознаваме пораката за етичкиот и моралниот однос, како и вреднување на македонското заштитено културно богатство, рече Костадиновска-Стојчевска.

фото: Министерство за култура

Тука, во Тирана, додаде, сакам да им се заблагодарам на албанските институции и служби кои ги запленија овие вредни дела, а крадците ги соочија со правдата.

На стручните лица од областа на заштитата, и од наша и од албанска страна, им благодарам за професионалниот пристап, кој во голема мера придонесе за овој успешен епилог на десетгодишното патешествие на македонските икони, посочи Костадиновска-Стојчевска.

Албанската министерка за култура, Елва Маргарити, посочи дека е ова свечен момент кој нѐ направи да се чувствуваме горди бидејќи, како што рече таа, овој чин нѐ става во авангардата за спроведување на меѓународните конвенции.

Но, од друга страна, овој чин го отвора патот не само за враќање на другите предмети во нивните земји на потекло, ако сакате да имате претензии и ќе бидете идентификувани како такви, но од друга страна враќање и во Албанија на изгубени предмети, ограбени во нашите институции за културно наследство, музеи, паркови или култни објекти, додаде таа.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Две кривични пријави за вработен во „Национални шуми“ – Подружница „Беласица“ од Струмица

Следно

СПМ: Владата е единствениот виновник за македонскиот евроинтегративен дебакл

Latest from Blog

Трамп и Си разговарале за ситуацијата на Блискиот Исток и Украина

 Државната новинска агенција Синхуа објави дека лидерите „размениле мислења за важни меѓународни и регионални прашања“, а војната во Украина исто така била на дневен ред.  Во текот на разговорите Кина одлучила да

Жртва на Епштајн: Еден ден, масерката ме покани во неговата соба

Жената, идентификувана само како Роза, сведочеше заедно со неколку други жртви на Епштајн на сослушување организирано од демократски конгресмени. Роза рече дека била регрутирана како тинејџерка од Узбекистан од страна на соработникот

ЈКП “Комуналец“ – Прилеп продолжува со уредување на зеленилото во градот

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Комуналец – Прилеп: Продолжува обновата на зелените површини

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на
Go toTop