МААЕ: Експлозии во близина на нуклеарната централа Запорожје

January 27, 2023
1 min read

Агенцијата забележала силни експлозии во близина на најголемата нуклеарна централа во светот и уште еднаш повика на таканаречена изградба на безбедна зона околу електраната

Во украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под руска окупација, вчера одекнаа силни експлозии, соопшти агенцијата за нуклеарна енергија на ОН МААЕ. Рафаел Гроси, претседателот на МААЕ, кој минатата недела ја посети Украина, изјави дека вчера Агенцијата забележала силни експлозии во близина на најголемата нуклеарна централа во светот и уште еднаш повика на таканаречена изградба на безбедна зона околу електраната.

Вчера руските сили извршија масовен ракетен напад врз Украина, при што беа истрелани повеќе од 50 проектили кон цели низ земјата. Украинската војска објави дека соборила повеќе од 40 руски проектили, додавајќи дека Русите во нападот користеле хиперсонични ракети од типот „кинжал“. Рускиот напад дојде еден ден откако САД и Германија најавија испорака на напредни тенкови „леопард 2“ и „абрамс“ во Украина.

Русија претходно реагираше на успесите на Украина, како на бојното поле, така и во дипломатијата, со масовни ракетни напади кои оставија милиони Украинци без струја, греење и вода. Вчерашниот напад, според сите проценки, беше еден од тие. Украинскиот премиер Денис Шмихал потврди дека Русија намерно ги гаѓа електраните.

„Денеска одржав итен состанок за енергетската ситуација, за недостигот на електрична енергија што го имаме и за поправките што се потребни по терористичките напади. Тимови од инженери веќе работат на локациите што беа нападнати“,

објави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Кремљ соопшти дека ветената испорака на западни тенкови во Украина ја гледа како доказ за растечкото „директно вклучување“ на САД и Европа во војната, која се приближува на првата годишнина. И САД и ЕУ негираат директна вмешаност во војната.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Милан се откажа од Заниоло

Следно

Палестинските милитанти истрелаа две ракети врз Израел

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop