Луѓето открија како без бојкот да им се одмаздат на малопродажните синџири: Се шири нов тренд – „штедење од одмазда“

September 23, 2025
1 min read

Во време кога цените на храната, режиските трошоци и горивото постојано растат, сè повеќе луѓе се одлучуваат на нов вид бунт, односно „одмазничко штедење“.

Наместо бојкот на продавници или протести, потрошувачите едноставно ги менуваат навиките: трошат помалку, штедат повеќе и така директно испраќаат порака дека им е доста од бескрајното поскапување.

По пандемијата се појави феноменот „revenge spending“ (одмазничка потрошувачка), кога луѓето масовно трошеле на патувања, ресторани и купување за да ги надоместат изгубените месеци во карантин. Денес ситуацијата е сосема поинаква: поради инфлацијата, високите каматни стапки и несигурната економска клима, сè повеќе се популарни спротивните однесувања – намалување на трошоците од инает. Стручњаците велат дека тоа е вид на самозаштита: граѓаните сакаат да ја вратат контролата врз сопствените пари и да им покажат на трговците дека не можат бескрајно да ги зголемуваат цените, наведува „Yahoo“.

Како изгледа „revenge saving“ во практика?

Овој вид на штедење нема строги правила, туку се спроведува на различни начини. Најчесто вклучува одрекување од помали луксузи како дополнителни претплати, кафе за носење или нарачување храна. Луѓето сè повеќе се свртуваат кон планирана куповина и готвење дома, а популарни се и т.н. предизвици без трошење, кога еден ден или цела недела не се купува ништо освен основни потреби.

Некои пак, штом ја примат платата, прво одвојуваат дел од парите на штедна сметка, а потоа ги плаќаат сметките и останатите обврски, за да бидат сигурни дека парите нема да им исчезнат до крајот на месецот. Особено интересен е и „предизвикот еден цент“ – почнува со минимален износ кој секој ден се зголемува за уште еден цент, а до крајот на годината може да се заштеди изненадувачки голема сума. На социјалните мрежи сè повеќе има групи и форуми каде луѓето ги споделуваат своите искуства, како на пример „Reddit“ форумот „No Buy“, каде корисниците објавуваат колку успеале да заштедат благодарение на строга дисциплина.

Зошто луѓето се свртуваат кон штедењето?

Причините се јасни: трошоците за живот никогаш не биле повисоки. Инфлацијата во еврозоната и понатаму се движи над целната стапка од 2%, а во некои сектори, како храната, цените растат дури двојно побрзо. Граѓаните, исто така, чувствуваат притисок поради високите камати на кредити и несигурноста околу новите даноци.

Во таква атмосфера, многумина сметаат дека штедењето е најдобар облик на заштита. Овој тренд најпрвин се појави во Кина, потоа брзо се прошири во САД и Велика Британија, а сега сè повеќе влегува и во балканските домови.

Стручњаците советуваат дека парите што се заштедени со „одмазнички методи“ не треба да останат на тековната сметка каде што нема камата, туку да се префрлат на штедна сметка со камата или во фондови кои ја следат инфлацијата. Во моментов, најдобрите штедни сметки во ЕУ нудат камати околу 4%, а препораката е да се бара принос барем над стапката на инфлација – инаку, реалната вредност на парите и понатаму опаѓа.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Влада: Отфрламе какво било селективно или ограничено информирање на медиумите до информации од јавен интерес

Следно

Полска повторно ги отвори граничните премини со Белорусија

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop