Влада: Отфрламе какво било селективно или ограничено информирање на медиумите до информации од јавен интерес

September 23, 2025
1 min read

Со највисока одговорност сакаме да ја информираме јавноста во врска со изнесените ставови од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), велат од владината прес-служба.

Категорично истакнуваме дека во ниту еден момент не било направено селективно информирање на медиумите, ниту пак ограничување на нивниот пристап до информации од јавен интерес. Станува збор за ситуација во која медиум пред просториите на Клиниката за пулмологија и алергологија побарал изјава, по што – во духот на транспарентноста изјавата беше дадена. Тоа не претставува официјална покана упатена кон еден медиум, туку практика на отвореност кон секој кој ќе побара информација. Во таа насока, со должно почитување кон медиумската заедница, потенцираме дека секогаш е од исклучителна важност сите недоразбирања да бидат разјаснети преку непосредна комуникација со институциите, пред да се изнесуваат јавни квалификации што можат да создадат погрешна перцепција. Цениме дека при ваков начин на презентирање на информации, постои можност да се остави простор кај јавноста за заклучоци кои не се објективни. Дополнително, информираме дека владиниот тим за односи со јавноста, во духот на високата отчетност, веднаш стапи во директна комуникација и со надлежните и со медиумите и даде дополнителни појаснувања, со што уште еднаш беше потврдено дека принципите на транспарентност и достапност се апсолутен приоритет во нашето работење. Како Влада ја користиме оваа прилика да ја потврдиме својата цврста определба за највисок степен на транспарентност, кооперативност и професионалност. Од првиот ден вложуваме максимални институционални капацитети за да обезбедиме еднаков пристап за сите медиуми, навремено информирање и целосна отчетност пред јавноста, истакнуваат од владата.

И во иднина ќе продолжиме со оваа пракса, уверени дека само преку прецизно, навремено и целосно информирање се гради доверба, се унапредува демократскиот дијалог и се гарантира интересот на граѓаните, додаваат од прес-службата на владата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Оваа храна е најдобра за панкреасот! Што смеете, а што не смеета да јадете, ако имате болки во стомакот

Следно

Луѓето открија како без бојкот да им се одмаздат на малопродажните синџири: Се шири нов тренд – „штедење од одмазда“

Latest from Blog

„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот

Барселона пронајде нов десен бек во Фиорентина, но ќе има конкуренција во Јувентус и Милан

Бразилскиот дефанзивец на Фиорентина, Додо, се најде на радарот на неколку европски гиганти и наскоро би можел да ја промени средината. Иако сезоната е во полн ек, најголемите европски клубови веќе ги

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам. Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува
Go toTop