Лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин и Владимир Путин оствариле средба пет дена по неуспешниот пуч

1 min read

Рускиот претседател Владимир Путин и водачот на приватната платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, оствариле средба на 29 јуни, пет дена откако неговата група се обиде да направи пуч во земјата, објави Ројтерс

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вели дека на средбата Путин поканил 35 лица, меѓу кои и команданти во единицата „Вагнер“, а средбата траела нешто повеќе од три часа. Од командантите рускиот претседател добил уверување дека тие се негови војници и дека ќе продолжат да се борат за него и за Русија. Пригожин, пак, со Путин разговарал за иднината на платеничката група.

Пред речиси еден месец, групата „Вагнер“ под лидерство на Евгениј Пригожин, револтирани од однесувањето на високи руски офицери и министерот за одбрана, зазеде контрола врз неколку града во Русија. Пучот на Пригожин траеше кратко откако со посредништво со белорускиот претседател Лукашенко беше постигнато решение – тенковите и војниците на „Вагнер“ да запрат на 200 километри од главниот град Москва.

По неуспешниот пуч, Пригожин кажа дека неговата цел не била менување на централната власт, туку барање правда за непрофесионалното однесување и однос на шефовите на руската одбрана. По пучот, Пригожин требаше да замине за Белорусија, но Лукашенко минатата недела изјави дека тој се вратил во Русија и дека борците на „Вагнер“ сè уште не го прифатиле повикот да се преместат во Белорусија.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Русија: Путин се состана и разговараше со шефот на „Вагнер“, Пригожин, и неговите команданти

Следно

Не дозволувајте Украина да влезе во НАТО

Latest from Blog