Лидерите на земјите членки утре на 79. заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк

September 23, 2024
2 mins read

ЊУЈОРК (АА) – Утре во Њујорк започнува 79-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), кое се смета за еден од најголемите дипломатски настани во светот, и кое ги собира лидерите на земјите членки, јавува Анадолу.

Генералното собрание, кое секоја година ги собира шефовите на држави и влади на земјите членки во седиштето на ОН во Њујорк, ќе заседава од 24 до 30 септември.

Камерунецот Филемон Јонг ќе претседава со расправата, што ќе ја отвори генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Се очекува на Генералното собрание на ОН да присуствуваат 133 шефови на држави и влади, тројца потпретседатели, 80 потпретседатели на влади и 45 министри од земјите членки.

– Традиционален редослед –

Бразил го држи првиот говор по претседателот на Генералното собрание на ОН, традиција која се одржува од 1955 година. По Бразил, збор зема домаќинот, Соединетите Американски Држави (САД).

Претставувајќи ја Република Туркије на Генералното собрание на ОН, претседателот Реџеп Таип Ердоган, ќе говори трет по ред.

Ердоган, кој по 14-ти пат се обраќа на Генералното собрание на ОН, се очекува во својот говор да привлече посебно внимание на ситуацијата во Газа.

Се очекува претседателот Ердоган да побара од земјите членки да се спротивстават на израелските напади.

– Кризи кои се протегаат од Газа до Хаити –

Собирот на лидерите на земјите од ОН и оваа година се одржува во сенка на сѐ поголемите кризи, судири и војни низ светот.

Затоа се очекува на дневен ред на дискусиите да бидат случувањата во Газа, Украина, Судан и Хаити.

Исто така, се очекува во фокусот да биде ставена ситуацијата во Газа, која ОН веќе ја дефинираа како „пекол на земјата“. Повик за прекин на огнот, осуда на израелското кршење на меѓународното право, почитување на резолуциите на ОН и повик за испорака на хуманитарна помош се меѓу она што се очекува од лидерите.

Тоа е важна тема и во контекст на ризикот од избивање регионална војна на Блискиот Исток, особено по последните израелски напади и експлозии на безжични уреди во Либан.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас се очекува да го одржи својот говор утрото на 26 септември, а истиот ден попладне треба да говори и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Главна тема –

Главната тема на овогодинешните дискусии на Генералното собрание на ОН гласи „Да не се запостави никој: Мир, одржлив развој и човечко достоинство“.

„Денешниот глобален поредок е нефункционален за некои, во суштина не е функционален за никого“, рече неодамна генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Од таа причина, се очекува на дневниот ред на лидерите да се најде и прашањето за реформа на Советот за безбедност на ОН и меѓународната финансиска структура.

Покрај неделата на високо ниво, ќе се одржува и Самит за иднината на кој ќе се разговара за климатските промени во светот.

Од лидерите се очекува и да се консултираат за различни прашања како што се целите за одржлив развој, отпорноста на антимикробните лекови и нуклеарното разоружување.

– Кастро зборуваше 296 минути, а Гадафи 100 минути –

Состаноците на Генералното собрание се одржуваат во седиштето на ОН од 1946 година, кога организацијата беше основана од 51 држава.

Од лидерите се очекува да ги ограничат своите говори на 15 минути и да ја допрат дадената главна тема, но многу лидери не се придржуваат до тоа, поради што се појавуваат интересни сцени во салата.

Генералното собрание на ОН одржува редовни годишни седници веќе 78 години, а меѓу поинтересните факти е дека кубанскиот претседател во 1960 година зборуваше 296 минути, додека либискиот лидер Моамер Гадафи во 2009 година говореше 100 минути и искина страница од Повелбата на ОН.

Меѓу поинтересните сцени од аналите на Генералното собрание на ОН е и ударот на масата со тупаница на советскиот лидер Никита Хрушчов, кој на тој начин негодуваше на говорот од претставникот на Филипините и дека потоа и со чевел удирал по масата. Тоа се случи на заседавањето во 1960 година.

Во медиумите често се споменува и говорот на поранешниот претседател на Венецуела, Хуго Чавез, кој во 2006 година го нарече „ѓавол“ тогашниот американски претседател Џорџ Буш.

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн присуствуваше на Генералното собрание на ОН во 2018 година со своето тримесечно бебе.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во говорот во 2017 година се закани дека „ќе ја уништи Северна Кореја ако треба“.

Востановена практика е делегациите да ја напуштаат салата во знак на протест поради обраќања кои не им се допаѓаат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Таравари во официјална посета на САД

Следно

Томовски: Со тоа што службените возила ќе имаат обоени регистарски таблици сметаме дека ќе се намали нивната злоупотреба

Latest from Blog

Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата презентира нов концепт на водење на економијата кој значи модернизација и зголемена конкурентност

Во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, вечерва гостуваше Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој зборуваше за економската ренесанса која е во тек и се случува на

СДСМ: Мицкоски прави де фокус од проблемите во ВМРО-ДПМНЕ, не може тој да зборува за „квалитет на кадри“

Христијан Мицкоски е последниот кој може да зборува за „квалитет на кадри“. Во неговите редови има луѓе осудени за криминал, лица кои се под истраги од институциите и личности чиј углед е

Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ има направено уредување што претходно никогаш не било направено, граѓаните од Кочани имаат само една цел – реалокација односно затворање на депонијата

„Колега Крмов, благодарам најпрво за грижата меѓутоа очигледно е дека позади оваа грижа стои интерес како да се освојат ситни политички поени на еден проблем кој што е навистина горлив и на

Петкоска: Ќе се формира претпријатие за регионална депонија во Новаци, што ќе донесе решение и за Буково

Ве информирам дека задутре во советот на Општина Новаци е закажана седница на која ќе се формира Претпријатие за регионална депонија и врз основа на таа одлука сите општини ќе може да
Go toTop