Марковски избори пласман на главниот турнир во Куршумлијска Бања

July 1, 2025
1 min read

Македонскиот тенисер Обрад Марковски со три победи во квалификациите на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, Србија избори место во „главниот ждреб“. Тој денес во финалето од квалификациите го победи Шин Хес од Аргентина (11. носител) со 2-0 во сетови (7:5 и 6:3).

Марковски во првото квалификациско коло го надигра домашниот тенисер Лука Маџаревиќ (Србија) со 2-0 во сетови (6:3 и 6:0), а во втората квалификациска рунда го совлада седмиот носител Игнасио Антонио Бечера Отапола со 2-0 во сетови (6:1 и 6:4).

Македонскиот играч е во очекување на дополнителниот распоред за главниот турнир бидејќи тој е еден од осумтемина тенисери кои преку квалификациите изборија пласман во „главниот ждреб“.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп изрази надеж дека „следната недела“ ќе биде постигнат прекин на огнот во Газа

Следно

Челникот на Комисијата на турскиот Парламент, Октај: „Турција е еден од главните елементи на стабилноста на Балканот“

Latest from Blog

Ираола: Црвениот картон на Гравенберх го промени текот на дербито

Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, смета дека исклучувањето на Рајан Гравенберх било клучниот момент во поразот од Манчестер сити со 0-3 на „Енфилд“. Гостите постигнаа три гола за 13 минути, откако домашниот

ТРАМП ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ. Зеленски е изненаден: Армијата доби наредба

Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш објави дека „„енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина ќе стапи на сила веднаш“. „Двете страни се согласија. Не го кршете! Ви благодарам за вниманието. Претседателе ДОНАЛД Џ.

Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и
Go toTop