Лидерите на ЕУ се согласија за зајакнување на европската одбрана, но не и за поддршката на Украина

March 7, 2025
1 min read

Лидерите на земјите членки на Европската унија на  специјалниот Европски совет посветен на Украина и на одбраната на Европа, се согласија дека континентот мора да стане поодговорен за сопствената одбрана и самостојно да се справува со предизвици, но не успееја да постигнат консензус за поддршката на Киев. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека сите сакаат мир, а разликата е во тоа што 26 земји веруваат дека патот до мирот е преку зајакнување на капацитетите на Украина, додека Унгарија има поинаков став. Тој нагласи дека безбедноста на Украина е во сржта на безбедноста на Европа и затоа ЕУ ја поддржува земјата уште од првиот ден на руската инвазија и ќе продолжи со поддршката и натаму, дури и по војната. 

Тонско Антонио Кошта – претседател на Европскиот Совет

„Безбедносните гаранции за иднината на Украина се од суштинско значење за безбедноста на Европа, но исто така и за меѓународната безбедност, бидејќи оваа војна не е само за Украина, туку е и за почитување на меѓународното право, почитување на меѓународниот поредок заснован на правила, почитување на суверенитетот и спроведување на меѓународното право“.

Во усвоената официјална верзија на заклучоци за Украина во само три точки се посочува дека членовите на Европскиот совет имале размена на мислења со украинскиот претседател Володимир Зеленски и дека на прашањето за Украина ќе се навратат на својот следен состанок. Во делот од заклучоците посветени на европска одбрана, пак, се посочува дека Европа мора да стане посуверена, поодговорна за сопствената одбрана и подобро опремена да дејствува и самостојно да се справува со непосредните и идните предизвици и закани, во услови кога руската агресија врз Украина и нејзините последици по европската и глобалната безбедност претставуваат егзистенцијален предизвик за Европската Унија. 

Заклучоци од Европскиот совет: „Европскиот совет, исто така, потсетува дека посилна и поспособна Европска унија во областа на безбедноста и одбраната позитивно ќе придонесе за глобалната и трансатлантската безбедност и е комплементарна со НАТО. Европскиот совет ја нагласува и важноста да се работи заедно со партнери кои не се истомисленици во ЕУ“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, оцени дека со одлуките на овој Самит се испишува историја, затоа што од него ЕУ излегува решена да ја гарантира безбедноста на Европа и да дејствува брзо и решително согласно тоа како налага ситуацијата. 

Урсула Фон дер Лајен – претседателка на ЕК: „Решени сме да инвестираме повеќе, да инвестираме подобро и да инвестираме побрзо заедно, од Париз, преку Лондон, до Брисел. Покажавме дека сме подготвени и способни да ги засилиме нашите заеднички напори и ефикасно да се координираме“.

Таа порачаа и дека во Украина мора да се постигне вистински мир, што ќе гарантира слобода за земјата, безбедност за Европа и одвраќање на оние кои мислат дека можат да преземат територии со сила. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Форум за родова еднаквост на Западен Балкан: Родово базираното насилство не е прашање на култура туку е криминал

Следно

Бездушна манипулација: Семејството на Фросина против злоупотребите на трагедијата од страна на Хелсиншкиот комитет

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop