Бездушна манипулација: Семејството на Фросина против злоупотребите на трагедијата од страна на Хелсиншкиот комитет

March 7, 2025
1 min read

НЕ ЈА ИНСТРУМЕНТАЛИЗИРАЈТЕ СМРТТА НА ФРОСИНА, порачува семејството на девојката која почина откако ја удри автомобил на „Партизанска“.

Тие го кренаа гласот против злоупотребите на трагедијата од страна на Хелсиншкиот комитет.

Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение:

Во време кога треба да се подготвуваме за 40-дневниот помен на нашата Фросина, ние сме принудени да се занимаваме со туѓи агенди. Наместо да ни се овозможи достоинствено да тагуваме, повторно сме сведоци на бездушна манипулација со нејзината погибија.

Зошто овој марш започнува токму од местото каде што нашата Фросина го загуби животот?

Таа не е жртва на родово насилство, туку на хулиганството што со години се негува во Македонија преку неказнивоста и неспроведувањето на законите. Оваа наша борба не е за родова еднаквост, туку за правдата која им беше ускратена на безброј жртви на сообраќајното насилство.

Каде беше Хелсиншкиот комитет да даде изјава за сите други жртви на сообраќајното насилство? Каде беше кога судиите носеа срамни пресуди за убијците во сообраќајот? Каде беше кога Судскиот совет не постапи соодветно во случајот со “тета” Даниела Алексовска Стојановска дозволувајќи и да продолжи со носење срамни пресуди?

Како семејство, сметаме дека е крајно недолично да се маршира со тенџериња и дрвени лажици од местото каде што свирепо беше прегазена Фросина. Овој чин не е почит, туку навреда – кон неа, кон нас, и кон сите жртви на беззаконието. Наместо искрена борба за правда, гледаме само инструментализација на нашата трагедијата.

Затоа, јавно бараме од организаторите на маршот да го променат почетното место и да покажат минимална почит кон нашата болка. Ова не е место за перформанс, туку место на трагедија кое треба да остане ослободено од политички и активистички агенди. Доколку маршот има искрена намера за правда, нека започне на друго место.

Длабоко сме разочарани од несовесноста и целосната непочит – и кон жртвите, и кон нас како семејство. За овој настан дознавме преку социјалните мрежи, па затоа и овде јавно кажуваме: нема да бидеме дел од овој марш и не го поддржуваме.

Почитувајте ја Фросина. Почитувајте ја болката на нешето семејство. Не ја користете нејзината смрт како инструмент за туѓи агенди.

Семејството на Фросина

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лидерите на ЕУ се согласија за зајакнување на европската одбрана, но не и за поддршката на Украина

Следно

АМСМ: По тешката несреќа со двајца загинати, нормализиран сообраќајот кај селото Тркање

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop