Лекарот кој силуваше повеќе од стотина гимнастичарки, избоден во затвор

July 10, 2023
1 min read

Поранешниот доктор беше обвинет за сексуална злоупотреба на стотици гимнастичарки. Неговите жртви беа познатите шампионки како Симон Билс, Али Рајсман и МекКејла Марони. Една од нив откри дека Насар првпат ја силувал кога имала 13 години

Поранешниот доктор на американскиот гимнастички тим Лоренс Лери Насар се скарал со друг затвореник во затворот во Флорида, при што се здобил со повеќе убодни рани. Две лица запознаени со инцидентот изјавија за „Асошиејтед прес“ дека Насар бил избоден со нож во неделата во поправната установа Колман и дека денес е во стабилна состојба.

Тој, наводно, бил прободен со нож во грбот и во градниот кош.

Поранешниот доктор беше обвинет за сексуална злоупотреба на стотици гимнастичарки. Неговите жртви беа познатите шампионки како Симон Билс, Али Рајсман и МекКејла Марони. Една од нив откри дека Насар првпат ја силувал кога имала 13 години.

„Ме нападна веднаш штом влегов во репрезентацијата. Ми рече дека сака да ме прегледа, а првпат ме силуваше кога имав 13 години. Подоцна ме силуваше стотици пати”,

рекла Марони и открила дека таа потоа му се обратила на тренерот Џон Гедерт за помош, но тој не реагирал.

„Му се доверив на тренерот Гедерт, кој не реагираше. Насар рече дека ова е жртва што треба да ја направам за да одам на Олимпијадата“,

изјавила Марони, која контактирала со тренерот откако се разбудила гола во креветот на Насар.

Тој ѝ дал апче за спиење.

„Се разбудив гола во неговиот кревет и решив да го пријавам. Но, тие се грижеа само за парите и медалите. Не сакаа ништо друго. Мојата кариера во гимнастика не вредеше за она со кое што се соочив. Сега морам целосно да го започнам животот повторно“,

рекла таа.

Марони освои златни и сребрени медали на Игрите во Лондон.

Истрагата на ФБИ против главниот лекар на гимнастичкиот сојуз, Насара започна во јули 2015 година, откако претседателот и извршен директор на Ју-ес-еј Гимнастикс, Стивен Пени, ги пријави наводите до теренската канцеларија на ФБИ во Индијанаполис и им ги достави на агентите имињата на трите жртви кои беа подготвени да бидат интервјуирани.

Насар беше осуден на 60 години затвор во 2017 година за поседување и дистрибуција на детска порнографија, а подоцна беше осуден на дури 175 години затвор за сексуално злоставување на стотици гимнастичарки.

Фото: EPA-EFE/RENA LAVERTY

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Столтенберг: Ја поддржувам волјата на Туркије да стане членка на ЕУ

Следно

Северна Кореја ги обвини САД дека испраќаат шпионски авиони во нивниот „неприкосновен воздушен простор“

Latest from Blog

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош преку националниот портал за е-услуги

На барање на бројни граѓани и поттикнати од интересот на медиумите, Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека електронската апликација за закажување термин за издавање на лични документи повторно е достапна

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина
Go toTop