ЛДП утре повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

June 1, 2025
1 min read

Ќе стане ли Македонија една изборна единица? Предлог законот ЛДП утре ќе го поднесе во Собранието. Ова е трет пат како партијата предлага една изборна единица, откако истата беше одбиена во претходните два парламентарни состави. 

Од ЛДП велат дека очекуваат поддршка од пратениците. 

„И денес, како и претходно, даваме силна поддршка за воведување на една изборна единица, отворени листи, како и вклучување на предлозите од граѓанскиот сектор за независни листи во креирање на новиот Изборен законик. Ова не е нова иницијатива за ЛДП. Нашите пратеници во два претходни парламентарни состави поднесуваа предлог-закони за истата оваа реформа. За жал, тогаш тие иницијативи не добија поддршка. Но ние не се откажуваме.“ – Љубен Аврамовски портпарол на ЛДП.

Веќе во понеделник и Демократскиот сојуз најави дека ќе поднесе ваква иницијатива во Собрание, а поддршка има и од ДОМ. 

Темата за измените на Изборниот законик и воведување на една изборна единица ја отвори премиерот, кој претходно упати повик до опозицијата во Собранието да ги поддржат измените. Но, побара да се дозволи и дијаспората да гласа, преку формирање на избирачки места во државите каде што е тоа дозволено согласно Устав, надвор од Дипломатско-конзуларните претставништва. Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче пак изјави дека се подготвени да разговараат, но дека за ваквиот предлог треба да се разговара и со останатите политички партии. 

Претходно пак седум граѓански иницијативи, поднесоа барање до Собранието и до Министерството за правда да се направат итни измени на Изборниот законик. Велат оставена е правна празнина откако Уставен суд ги укина членовите 17 и 18 од измените во Изборниот законик донесени на 7 март 2024, со кои партиите од власта и опозицијата здружено го зголемија прагот за потребни потписи на 1 отсто од гласачкото тело во изборна единица за учество на независните листи на изборите.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пјастри ја освои петтата победа во Формула 1 оваа сезона, двоен успех за Мекларен на Големата награда на Шпанија

Следно

Приведени двајца турски државјани сред Скопје, кај нив пронајдени куршуми

Latest from Blog

Димитровски: Битола добива нова инфраструктура и модерни спортски капацитети

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, истакна дека во првите шест месеци од новиот мандат на градоначалникот Тони Коњановски, општината се фокусирала на реализација на ветените проекти, за кои била обезбедена значителна

Проданоски: Херојството од „Диво Насеље“ никогаш нема да биде заборавено

Со длабока почит денеска беше положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Ненад Серафимоски, најмладиот припадник на специјалната антитерористичка единица „Тигри“, кој на 9 мај 2015 година го загуби животот во настаните кај

Средношколец од Прилеп 4 години лажно се претставувал како наставник

Прилепската полиција поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат“. Пријавениот, лажно претставувајќи се како наставник по англиски јазик во

Исто како и лани: Ал-Келаифи повторно ќе води 500 вработени во ПСЖ на финалето во ЛШ!

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, уште еднаш ја демонстрираше својата дарежливост со гест достоен за восхит. Тој одлучи да ја повтори својата иницијатива од минатата година и да награди
Go toTop