Лавров: Не е лесно да се постигне мировен договор со САД за Украина

April 15, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека постигнувањето договор со САД за мир во Украина „не е лесно“, додека Москва и Вашингтон продолжуваат со контактите во обид да најдат начин за прекин на војната што трае повеќе од три години, јавува Анадолу.

„Клучните компоненти на решението за мир не се лесни за договор. Тие сè уште се предмет на дискусија“, рече Лавров во интервјуто за рускиот весник „Комерсант“, објавено доцна синоќа, одговарајќи на прашање дали Русија и САД веќе ги формулирале главните параметри за можен сеопфатен договор за Украина.

Потсетувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин уште во јуни минатата година ги истакнал очекувањата на Москва од потенцијалниот договор, Лавров рече дека „оваа позиција не е некаков вид барање“.

„Уште еднаш потенцирам, оваа позиција цврсто се темели на формулациите во Повелбата на Обединетите нации, на многубројни конвенции и на резултатите од референдумите, односно на изразената волја на народот во соодветните територии“, додаде Лавров, осврнувајќи се на украинските територии што Москва ги анектираше во 2022 година.

Коментирајќи ги разговорите за мир со Вашингтон, Лавров рече дека „здравиот разум“ ја води политиката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој истакна дека Русија и САД како „одговорни меѓународни актери“ имаат обврска да сторат сè што е можно за судирот на различни интереси да не прерасне во конфронтација.

„А во оние случаи кога интересите ќе се совпаднат, должни сме да направиме сè што можеме за да не го пропуштиме моментот и таа случајност да ја преточиме во заемно корисни проекти,“ додаде Лавров.

Рускиот министер, исто така, посочи дека Москва добро разбира како изгледа договор што би бил од заемен интерес, но и како изгледа договор што би ја вовел Русија „во нова замка“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Приведени албански државјани во Охрид – изведувале градежни активности, без да поседуваат соодветна дозвола за работа

Следно

Новото раководство на ФК Вардар успеа да ја деблокира сметката која беше блокирана осум години

Latest from Blog

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…
Go toTop