Приведени албански државјани во Охрид – изведувале градежни активности, без да поседуваат соодветна дозвола за работа

April 15, 2025
1 min read

На 14.04.2025 година во 13 часот, во близина на хотелски комплекс на улицата „Наум Охридски“ во Охрид, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, приведоа 13 албански државјани кои претходно, беа затекнати при изведување градежни активности, без да поседуваат соодветна дозвола за работа.

Од преземените мерки, констатирано е дека тие, на 14.04.2025 година, оствариле легален влез во државата но, не поседувале соодветни одобренија и дозвола за привремен престој по основ на работа, согласно член 80 од Законот за странци.

Тие немале ни сертификати кои биле обврзани да ги поседуваат согласно со предвидените норми за имплементацијата на Законот за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан. По целосно документирање на настанот, Регионалниот центар „Запад“, ќе поднесе соодветна пријава.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Ткаење светови: Колекции во разговор“, изложба со избор од колекцијата на МСУ-Скопје во Љубљана

Следно

Лавров: Не е лесно да се постигне мировен договор со САД за Украина

Latest from Blog

Песков: Преговорите за Украина се на пауза, бидејќи САД имаат други приоритети

– Во преговорите навистина има пауза. Американците имаат други приоритети и тоа е разбирливо, посочи Песков. Според него европските држави прават грешка кога инсистираат Киев да продолжи со воените дејствија против Москва.

Почина чичко Драги од Рекорд

Драган Пароски, познат како чичко Драги од Рекорд почина. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Тина, која вели дека со години му помагала, пред да замине во странство. -Секое поминување

Шилегов тврди: Тројца екс градоначалници на Кочани неправедно обвинети во случајот „Пулс“

Адвокатот Петре Шилегов во своето најново интервју жестоко ја критикуваше логиката на Јавното обвинителство во судскиот процес за трагедијата во кочанското кабаре „Пулс“, посочувајќи на сериозен правен парадокс. Според Шилегов, обвинителството неосновано
Go toTop