Лајчак: Претставниците на ЕУ и САД во разговор со Вучиќ го осудија терористичкиот напад врз Косовската полиција

1 min read

БЕЛГРАД (АА) – „Силно го осудуваме терористичкиот напад на Косовската полиција од 24. септември. Сите извршители мораат да бидат приведени и изведени пред лицето на правдата. Од Србија очекуваме потполна кооперација и конкретни акции во таа насока“, изјави вчера специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалог меѓу Белград и Приштина, известува Анадолу.

Лајчак по разговорот со претседателот на Србија Александар Вучиќ, на кој присуствуваа и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, советниците за надворешна и безбедносна политика на претседателите на Франција и канцеларот на Германија, Емануел Боно и Јенс Плетнер, како и дипломатскиот советник на премиерката на Италија, Франческо Тало, на новинарите им изјави дека ЕУ и САД се загрижени поради тековната негативна траекторија во процесот на нормализација, која е директно поврзана со европскиот пат на Србија и Косово.

Тој додаде дека целта на посетата била да се разговара за тоа како да се направи конкретно поместување во имплементацијата на договорот на патот кон нормализација и деескалација по неодамнешните случувања на Косово.

„Лидерите се одговорни пред своите граѓани и очекуваме одговорна и одмерена комуникација во јавноста“, истакна Лајчак.

Тој нагласи дека и Србија и Косово мораат да го направат својот дел од работата за деескалација и нормализација на меѓусебните односи, и дека тоа му било соопштено на Вучиќ.

„Очекуваме и Србија и Косово да почнат да ги исполнуваат обврските преземени со новиот договор од февруари и март, но и обврските од претходните договори“, наведе Лајчак.

Тој рече дека дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе биде во агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите на ЕУ закажан за понеделник, а во текот на следната недела за тоа ќе разговараат и лидерите на земјите на ЕУ на Европскиот совет.

„За Србија и Косово нема европска иднина без нормализација на односите и имплементација на договор. Сакаме да видиме просперитетен и стабилен Западен Балкан, поради што дијалогот е од круцијално значење“, заклучи Лајчак.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Претходно

ЦУК: Вчера имаше 26 пожари на отворен простор, активни се уште два

Следно

Ќе ве бомбардираме, не видовте на Фејсбук?

Latest from Blog