Лајчак: Нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина е клучна за напредокот на Западниот Балкан

1 min read

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, на Минхенската безбедносна конференција рече дека нормализацијата на односите е од клучно значење за регионалната стабилност, просперитетот, развојот и напредокот на Западниот Балкан кон ЕУ.

Тој најави дека учествувал на панел во рамките на Минхенската конференција на која се разговарало за иднината на Западниот Балкан.

„За клучната важност на нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија синоќа говорев на панел дискусијата за иднината на Западниот Балкан. Нормализацијата е клучна за регионалната стабилност, просперитетот, развојот и напредокот кон ЕУ“, напиша Лајчак на платформата „Икс“.

Извор: kurir.mk

Претходно

Повеќе од 100 уапсени ширум Русија додека му оддaвале почит на Навални

Следно

Бројот на службеници на агенцијата на ОН убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа порасна на 158

Latest from Blog