Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, на Минхенската безбедносна конференција рече дека нормализацијата на односите е од клучно значење за регионалната стабилност, просперитетот, развојот и напредокот на Западниот Балкан кон ЕУ.

Тој најави дека учествувал на панел во рамките на Минхенската конференција на која се разговарало за иднината на Западниот Балкан.

„За клучната важност на нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија синоќа говорев на панел дискусијата за иднината на Западниот Балкан. Нормализацијата е клучна за регионалната стабилност, просперитетот, развојот и напредокот кон ЕУ“, напиша Лајчак на платформата „Икс“.