Курти: Одлуката за забрана на динарот во Косово не е за да се казнува, туку да се воведе ред во финансиите

May 13, 2024
1 min read

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека стапувањето во сила на правилникот на Централната банка на Косово (ЦБК) за еврото како единствена валута за готовински плаќања во Косово, односно забраната за користење на српскиот динар, има за цел да воспостави фискална транспарентност, а не нечие „санкционирање и казнување“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од вчера, 12 мај, еврото е единствената валута за трансакции во Косово, на што се спротивставија официјален Белград и политички претставници на Србите во Косово, велејќи дека тоа оди на штета на српската заедница во земјата, од која голем дел во динари примаат плати, пензии и социјални придонеси од државата Србија.

Обраќајќи им се на новинарите при денешната посета на општина Каменица, Курти изјави дека Централната банка на Косово, како независна институција, а не косовската Влада, е таа која ги поставува правилата за банкарско работење.

„ЦБК појасни дека целта е законитост, транспарентност, а не санкционирање и казнување. Тие (ЦБК) се оние кои се повисоко од пред нас и се предводници во овој процес на што е можно понепречена транзиција кон воведувањето на единствено платежно средство“, изјави Курти.

Тој додаде дека правилникот на ЦБК нема за цел да се спротивстави на динарот, туку еврото да биде единствено готовинско платежно средство во Косово, како што е предвидено и со Уставот на државата.

Европската унија, која посредува во преговорите меѓу Приштина и Белград, најави дека задутре, среда, 15 мај, ќе се одржи нова рунда преговори во врска со одлуката на Косово да ја забрани употребата на динарот како платежно средство во земјата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Евролигата ја избра најдобрата петорка

Следно

Војна во Украина: Руската Армија започна нови операции во областа на Харков

Latest from Blog

ИЗРАЕЛСКИ ВОЗДУШНИ УДАРИ ГО ПОТРЕСОА ЈУЖЕН ЛИБАН – 4 загинати, 20 повредени

Нови израелски воздушни напади го погодија јужен Либан, при што најмалку четири лица загинаа, а 20 се повредени, објави либанската државна новинска агенција ННА. Во нападите во подрачјето на Набатије била погодена

Три дена вкусови, традиција и музика: Позната целосната програма за „Taste the South“

Од 11 до 13 септември, Гевгелија ќе биде исполнета со традиционални вкусови, македонски вина, музика и забава во рамките на четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Препознатливиот фестивалски бренд на

ВИТКОФ И КУШНЕР МУ ПРЕДАДОА НА ПУТИН документ за крај на конфликтот во Украина – Трвди КРЕМЉ

Специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, за време на разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараа за можните решенија за украинскиот судир, изјави претставникот на Кремљ, Јуриј
Go toTop